Month: November 2023

7 Results / Page 1 of 1

Background

Музички вести

Франција победник на Детската евровизија, Македонија на 12. место

Домаќинот Франција победи на годинешното издание на детската верзија на „Изборот за песна на Евровизија“ што се одржа по 21 пат. На овогодишното издание што се емитуваше во живо од Ница, Франција, учество зедоа вкупно 16 земји, а за победничка беше прогласена Зое Клаузур со песната „Coeur“ (Срце), која заврши на врвот со вкупно 228 бодови. Ова е трета победа за Франција на јуниорската верзија на Евровизија. https://www.youtube.com/watch?v=LOZmWRpqYks Македонската претставничка […]

todayNovember 30, 2023 124

Музички вести

Пред концертите во Скопје, Мерлин објави две нови песни

Босанскиот музичар Дино Мерлин, кој е еден од најангажираните во регионот, промовираше две нови балади, непосредно пред доаѓањето во Скопје. Станува збор за песната „Скоро ќе зима“ и дуетот со белградскиот мултиинструменталист Марко Луис – „Не радујемо се“, а за истите се снимени и видео записи. Мерлин првично го најави концертот во Скопје во Арена „Борис Трајковски“ на 27-ми декември, а откако влезниците беа распродадени за кратко време, закажа и […]

todayNovember 23, 2023 170 2

Музички вести

„Посреќна“ – нова песна на ДНК и Врчак

Раде Врчаковски  – Врчак и официјално се „врати“ на македонската музичка сцена. На сите социјални мрежи и музички платформи беше објавена заедничката песна на Врчак и момците од ДНК  со наслов „Посреќна“ , а според коментарите на публиката, вредело што чекале толку долго време за повторно да се случи овој музички спој. Автори на музиката на оваа песна се Панчо и Лазар Цветковски, текстот е на Панчо и Врчак, додека пак […]

todayNovember 23, 2023 241

Музички вести

Прв албум на Миа Димшиќ на англиски јазик

Новиот албум на Миа Димшиќ, една од најпопуларните млади кантавторки, насловен „Монолог“ (Monologue), како издание на Croatia Records, може да се слуша ексклузивно на стриминг платформите. Токму на својот роденден, Миа Димшиќ, ланската хрватска евровизиска представничка, го претстави својот нов албум, воедно и прв на англиски јазик. „Монолог“ ја носи талентираната пејачка и текстописец во ново светло, со песни на англиски јазик поддржани од добро координиран тим на автори, составен […]

todayNovember 21, 2023 83

Музички вести

Nеsh & The Roosters со песни од Шабан Бајрамовиќ под закрилата на Croatia Records

„Last Prayer“ е албум со девет песни на македонскиот состав Nesh & The Roosters објавен деновиве под закрилата на најголемата дискографска куќа во регионот – Croatia Records. Музиката за повеќето композиции ја напиша легендарниот пејач на ромски песни, Шабан Бајрамовиќ. Неш ги напишал стиховите и ги обработил на свој начин, што значи дека успеал да обедини неколку музички стилови во својот препознатлив музички потпис. Со внимателно одбрани инструменти и пеење […]

todayNovember 21, 2023 84

Музички вести

ЗЏМ свири “Леб и сол” – концерт со биг-бенд изведби на композициите на македонските музички великани

На 9 декември, со почеток од 20 часот, во салата на Национаната опера и балет, ќе се одржи концертот на ЗЏМ Биг Бендот насловен “ЗЏМ свири Леб и сол.” На целовечерниот концерт ќе бидат изведени дел од композициите на легендарните “Леб и сол,” со аранжмани адаптирани за биг бенд изведба, под диригентската палка на Џијан Емин. “Леб и сол” е бенд чија работа претставува фундаментален и незаменлив дел од македонската […]

todayNovember 21, 2023 128

Музички вести

Дарио ја одбележа есента со новиот хит

Дарио Панковски по серијата успешни концерти има нова песна… И тоа онаква, во негов, препознатлив латино стил, певлива и емотивна, која допира до сите сетила. Не бегајќи од она по што најмногу го препознаваат и оваа негова нова љубовна приказна  ќе ви ги насолзи очите и разнежни душата, зашто „Молитва“ е нешто што не е фикција, туку песна која кореспондира со секојдневието, со реалноста. Затоа и нема човек кој нема да се препознае […]

todayNovember 7, 2023 99

0%