Музички вести

Франција победник на Детската евровизија, Македонија на 12. место

todayNovember 30, 2023 124

Background
share close

Домаќинот Франција победи на годинешното издание на детската верзија на „Изборот за песна на Евровизија“ што се одржа по 21 пат.

На овогодишното издание што се емитуваше во живо од Ница, Франција, учество зедоа вкупно 16 земји, а за победничка беше прогласена Зое Клаузур со песната „Coeur“ (Срце), која заврши на врвот со вкупно 228 бодови.

Ова е трета победа за Франција на јуниорската верзија на Евровизија.

Македонската претставничка Тамара Грујеска која настапи со баладата „Кажи ми, кажи кој“, заврши на 12-тото место, освојувајќи вкупно 76 бодови од онлајн гласањето и гласовите на националните жирија на земјите-учеснички.

Гледачите можеа да гласаат за своите омилени песни на два начина: преку онлајн гласање пред почетокот на шоуто, при што гласањето се засноваше на делови од пробите, како и онлајн гласање за време на натпреварот, при што гледачите имаа можност да гласаат во рок од 15 минути по завршувањето на последниот настап.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%