Музички вести

Пред концертите во Скопје, Мерлин објави две нови песни

todayNovember 23, 2023 179

Background
share close

Босанскиот музичар Дино Мерлин, кој е еден од најангажираните во регионот, промовираше две нови балади, непосредно пред доаѓањето во Скопје.

Станува збор за песната „Скоро ќе зима“ и дуетот со белградскиот мултиинструменталист Марко Луис – „Не радујемо се“, а за истите се снимени и видео записи. Мерлин првично го најави концертот во Скопје во Арена „Борис Трајковски“ на 27-ми декември, а откако влезниците беа распродадени за кратко време, закажа и втор концерт, на 28-ми декември на истата локација.

„Секој од двата нови видео записи изгледа како да раскажува своја приказна, а сепак е истата приказна за нашите животи, за нашите љубови, среќа, разочарувања. За се низ што заедно поминуваме во животите. Се надевам дека уште долго ќе пееме заедно“, порача музичарот.

Тој последен пат гостуваше во Скопје за новогодишниот дочек во 2020 година. По концертите во Скопје, Мерлин заминува во Дубровник, каде ќе настапи за време на новогодишната ноќ во познат хотелски комплекс.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%