LIVE 2
LIVE
Mak POP-ROCK
ExYU POP-ROCK
ExYU hits
80s hits
Love songs
Caffe radio
Lounge bar
Mak folk
Funk & soul
todayNovember 21, 2023 87
„Last Prayer“ е албум со девет песни на македонскиот состав Nesh & The Roosters објавен деновиве под закрилата на најголемата дискографска куќа во регионот – Croatia Records. Музиката за повеќето композиции ја напиша легендарниот пејач на ромски песни, Шабан Бајрамовиќ. Неш ги напишал стиховите и ги обработил на свој начин, што значи дека успеал да обедини неколку музички стилови во својот препознатлив музички потпис.
Со внимателно одбрани инструменти и пеење на англиски јазик, песните на албумот звучат искрено и спонтано, така што слушателите се чувствуваат речиси како да се дел од бендот што свири за нив. А токму тоа сакаше да го постигне Неш со снимањето на ова интересно издание.
Покрај неговиот срцепарателен тон, глас полн со страдање и скршено срце со голема доза на квалитет и знаење, Неш во аранжманите вметнал кларинет, гитари, разни ударни инструменти…
Композицијата „Macedonian“ е традиционално македонско оро во седум-осмински ритам. Nеsh & The Roosters ја аранжираа оваа песна на свој начин. Со многу импровизација на сите инструменти во стилот на џипси џез, тие ја претворија оваа мелодија во музичка магија, во која секој ужива додека ја слуша.
Незаборавната „Sila Kale Bal“ на Шабан Бајрамовиќ доби ново руво и во изведбата и аранжманот на Неш звучи сосема поинаку од оригиналот. Таа доби дел од рок призвукот, благодарение на електричната гитара, што одлично и „легна“ на оваа песна.
Една од најпознатите традиционални ромски песни „Dema Devla“ на прво слушање ја крева публиката на нозе и ја постигнува целта – удира во срце.
„Last Prayer“ е албум што Неш го сними во студиа ширум светот: Торонто, Фиренца, Дубровник и Скопје. Во секој сегмент од продукцијата и звукот, целиот албум звучи професионално и целосно свежо.
„Last Prayer“ е албум наменет за публиката од целиот регион, па и многу пошироко. Љубителите на ромскиот и етно џезот ќе уживаат додека го слушаат – порачуваат од Croatia Records.
Written by: radiobubamara_editor
For every Show page the timetable is auomatically generated from the schedule, and you can set automatic carousels of Podcasts, Articles and Charts by simply choosing a category. Curabitur id lacus felis. Sed justo mauris, auctor eget tellus nec, pellentesque varius mauris. Sed eu congue nulla, et tincidunt justo. Aliquam semper faucibus odio id varius. Suspendisse varius laoreet sodales.
close1
Меморија
2
Во земјата на чудата
3
Слаткаристика & Тони Зен
Post comments (0)