Month: July 2024

16 Results / Page 1 of 2

Background

Музички вести

Рок-ѕвездата Лени Кравиц во Охрид!

Концертот на една од најголемите и најактуелни ѕвезди на денешницава ќе се одржи на 4 август на стадионот „Билјанини извори“, каде што настапи и пред 16 години. Летната светска турнеја на Лени Кравиц е една од 10те "must see" концертни турнеи ова лето на светско ниво!

todayJuly 11, 2024 19

Музички вести

ПОЛНОЌЕН КОНЦЕРТ НА КАРОЛИНА ВО ОХРИД!

После повеќе од 15 концерти на Каролина низ Македонија во периодот март - мај (меѓу кои и концерт во Охрид), за месец јули е планиран само еден концерт, во Охрид на 27 јули. Концертот на Каролина со нејзините најголеми хитови и најубави песни ќе се одржи на Golden Beach на полноќ. Влезниците по цена од 600 денари ќе бидат во продажба од петок (12 јули) онлајн на ticketx.mk.

todayJuly 10, 2024 28 2

Музички вести

НОКАУТ И БРЕЈК ИМААТ НОВА ПЕСНА И НАЈАВЕН КОНЦЕРТ ВО ОХРИД

Нокаут во моментов заедно со Дарко Гелев Брејк се актуелни со новата песна насловена Скопје-Барселона. Освен што се актуелни музички, актуелни се и нивните концерти. На 05 јули, Хераклеја во Битола беше сведок на неверојатен музички спектакл, а на 27 јули веќе е најавен и следниот концерт во Антички театар во Охрид. Во октомври минатата година, „Нокаут“ во Скопје го промовираше својот четврти албум „Што бараш ти во мојата песна?“. […]

todayJuly 10, 2024 52

Музички вести

Националниот џез оркестар најави спектакуларен концерт во Охрид!

Делириум во Сплит, Еуфорија во Шибеник, Националниот џез оркестар и Рамбо го разбудија Вис се само дел од насловите кои ги објавија хрватските медиуми за време на турнејата на Националниот џез оркестар, кој го нарекоа и „најлудиот оркестар на Балканот“. Рекордно продадени концерти, изблици на еуфорија, громогласни аплаузи, бројни осврти и написи во хрватските медиуми ја означија првата официјална интернационална турнеја на Националниот џез оркестар кој настапи со Рамбо Амадеус […]

todayJuly 9, 2024 21

Музички вести

Нина Бадриќ освојува со новата песна „Како си“

Хрватската пејачка Нина Бадриќ на својот 52 роденден ја објави новата песна наречена „Како си“ која можете да ја слушате на 105. 2 фм. „Како си“ е уште една од 12-те песни од новиот албум на Нина со наслов #Onokad „Албумот е готов, а јас сум многу нестрплива да и ги претставам сите песни на публиката. Песната „Како си“ зборува за тоа колку малку луѓе всушност се грижат за тоа […]

todayJuly 9, 2024 19

Музички вести

Во Белград маестрален концерт на Влатко Стефановски и Васил Хаџиманов!

Се одржа долгоочекуваниот концерт на маестралните Влатко Стефановски и Васил Хаџиманов! Синоќа во Белград на музичкиот џез фестивал „Somersby Jazz in the Garden“, Влатко Стефановски и Васил Хаџиманов за првпат во кариерата настапија заедно на сцената како дует, а како специјален гостин им се придружи и американскиот госпел и блуз пејач Дин Бауман. Преку композициите на виртуозот Влатко Стефановски, клавијатурата на Васил Хаџиманов, македонскиот етно мелос кој провејуваше во комбинација […]

todayJuly 8, 2024 24

Музички вести

Групата „Меморија“ снима нов албум и подготвува концерт

Членовите на култната македонска поп-рок група „Меморија“ го промовираа новиот видеоспот за песната „За тебе“  и ја одржаа првата PRESS конференција по повод големиот солистички концерт закажан за 16 ноември 2024 година во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје . Исто така, „Меморија“ неодамна најави и нов албум кој треба да излезе пред Нова година, а на кој ќе се најде рок баладата ,,За тебе” и новата обработка во која се […]

todayJuly 4, 2024 43

Музички вести

Дуото Дупер имаат нова песна „Со тебе не гледам саат (бејбе)“

„Со тебе не гледам саат (бејбе)“ е новата песна на „Дупер“, која излезе вчера (3 јули) на YouTube каналот на групата. Музиката и аранжманот се на Илчо Нечовски, а текстот го напиша Борис Какуринов. Песната е снимена и миксана во студиото „ХХЛ“ на Дејан Момировски. За песната е снимен и спот во режија на Трифун Ситниковски. https://www.youtube.com/watch?v=_idzF7gjEcQ

todayJuly 4, 2024 51 2

Музички вести

Концерт „Најдоброто од Копров” со специјални гости на Скопско лето

Концертот  „Најдоброто од Копров “ со Ана Петановска,  ќе се одржи утревечер - 04.07.2024г. (четврток) во 20:30 часот во Националната опера и балет. Публиката ќе има можност да ужива во најголемите хитови компонирани од Григор Копров како што се Лиду ду, Остани во мене, Не зори зоро, Не допирај ме, Твоите бакнежи на моите бели кошули, Анушка и многу други. Концертот преставува музичко патување низ долгогодишното творештво на Григор Копров, во изведба […]

todayJuly 3, 2024 49

0%