Музички вести

„Посреќна“ – нова песна на ДНК и Врчак

todayNovember 23, 2023 241

Background
share close

Раде Врчаковски  – Врчак и официјално се „врати“ на македонската музичка сцена. На сите социјални мрежи и музички платформи беше објавена заедничката песна на Врчак и момците од ДНК  со наслов „Посреќна“ , а според коментарите на публиката, вредело што чекале толку долго време за повторно да се случи овој музички спој.

Автори на музиката на оваа песна се Панчо и Лазар Цветковски, текстот е на Панчо и Врчак, додека пак аранжманот е дело на Лазар. Иако можеби изгледа како вчера да беше кога Врчак се повлече од музичката сцена, сепак, ова е негова прва песна по цели 15 години. Исто така и на ДНК после спектакуларниот концерт во арената „Борис Трајковски“ на 3. декември 2022 година, ова е нивна песна по пауза од скоро една година. За оваа музичка соработка, Панчо и Андреј, заедно со Врчак пред извесно време престојуваа во српската престолина каде го снимија и видеоспотот за новата песна.

Покрај нив во видеото улога има и преубавата Елена Ѓоргоска (23), која е член на позната модна агенција од Милано. Видеото во Белград го снимаше професионална екипа, на чело со Макарије Топаловиќ, кој соработува со најпознатите регионални ѕвезди како Сенидах и многу други.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%