Музичкиот свет во неверување – почина Тоше Поп-Симонов
Почина Тоше Поп-Симонов, музички автор, продуцент, аранжер, битен човек за домашната поп-сцена и почитуван соработник на многу музичари и од регионалната сцена. Во својата плодна речиси 40-годишна кариера Тоше соработуваше со бројни изведувачи од Тоше Проески до Дарио, од „Студени нозе“ до „Меморија“, а речиси целокупната кратка, но блескава кариера на Ена Веко е целосно негова заслуга. Замина на ден пред Велигден, симболично потсетувајќи ја сцената дека една од најпеените […]