Д ФЕСТИВАЛ СЕ ОТВОРА ПО 14. ПАТ, НАЈАВЕНИ НАД 50 УЧЕСНИЦИ НА ШЕСТ БИНИ
Д фестивал, најголемиот летен фестивал во Македонија, денеска по 14. пат ги отвора своите врати во Дојран за илјадниците посетители. Седумдесет и двочасовната програма ќе донесе богата и разновидна музичка програма и бројни пропратни содржини на брегот на Дојранското Езеро. Како главни музички ѕвезди на шесте бини се најавени Лил Памп, Фатумата Дијавара, „Нувел ваг“, Џонас Блу и „Елементал“, најголеми атракции на техно подиумот ќе бидат Дебора де Лука и […]