Музички вести

Прв албум на Миа Димшиќ на англиски јазик

todayNovember 21, 2023 87

Background
share close

Новиот албум на Миа Димшиќ, една од најпопуларните млади кантавторки, насловен „Монолог“ (Monologue), како издание на Croatia Records, може да се слуша ексклузивно на стриминг платформите. Токму на својот роденден, Миа Димшиќ, ланската хрватска евровизиска представничка, го претстави својот нов албум, воедно и прв на англиски јазик. „Монолог“ ја носи талентираната пејачка и текстописец во ново светло, со песни на англиски јазик поддржани од добро координиран тим на автори, составен од Миа, Дамир Бачиќ и Вјекослав Димтер.


„Монолог“ е мојот прв албум на англиски јазик и остварување на голем сон. Сите песни на него се напишани во последните две години, но во мојата имагинација тој постои многу, многу подолго. „Монолог“ е именуван по неговата прва и последна песна, но и идејата дека секоја песна што ја пишувам е дел од мојот постојан внатрешен монолог. Некогаш е тажно и деструктивно, понекогаш еуфорично и наивно, понекогаш е сосема случајно, но на крајот на денот, се што е важно за мене е дека тоа е искрено. Се надевам дека тоа ќе го почувствуваат и слушателите – вели Миа за албумот.

„Монолог“ веќе е достапен за слушање и на сите стриминг платформи.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%