Музички вести

201 Results / Page 7 of 23

Background

Музички вести

По 40 години се враќа „Бушава азбука“

По 40 години се враќа „Бушава азбука“ со новогодишна песна „Бушава Нова година“ дел од новата анимирана серија „Буквождер“. Втора „Бушава азбука“ (2БА) е продукција, Види Вака раскажувачко студио и Георги М. Унковски во копродукција, кои денеска соопштија дека ја објавуваат новогодишна песна „Бушава Нова година“, со која го најавуваат враќањето на образовно-забавниот бренд „Бушава азбука“. Песната е дел од новата серија „Буквождер“, анимирано продолжение и приказна за буквите и за […]

todayDecember 23, 2024 322 2

Музички вести

Долготрајни овации за Влатко Стефановски на концертот во Белград

Македонскиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски прослави 50 години кариера со одличен тричасовен концерт во преполниот „Сава центар“ во Белград каде гости му беа музичарите Мирослав Тадиќ и Златан Стипишиќ Џибони. „Искрено ви благодарам што го наполнивте „Сава центар“  и што ме поддржувате повеќе од 50 години“, рече Стефановски, откако сам го отвори концертот со акустична гитара и „Приспивна за Радмила М.“ Потоа му се придружи легендарниот гитарист Мирослав Тадиќ, […]

todayDecember 18, 2024 98 2

Музички вести

Александар Јовевски со видео спот ја промовираше „Игра на инструментите“

Познатиот македонски композитор Александар Јовевски го промовираше новиот спот изработен за композицијата „Игра на инструментите“ чиј композитор и аранжер е тој. Оваа композиција е дел од неговиот албум „Од колено на колено“. Настапуваат Александар Јовевски на пијано, кавал и тамбура, Горан Гешовски на бас, Ратко Даутовски-перкусии. Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија, како проект од национален интерес. Александар Јовевски во текот на месец ноември […]

todayDecember 16, 2024 306

Музички вести

Слаткар и Тони Зен ја освојуваат сцената со „Жими сè“

Македонските рап легенди Слаткар и Тони Зен повторно ја разбудија музичката сцена со нивниот најнов проект – песната „Жими сè“, која во придружба со визуелно впечатлив видеозапис, навести дека овој тандем нема намера да застане. По успехот на „Милион лета“, ова ново издание е свежа потврда на нивната креативност и хемија, кои успеваат да ги допрат сите генерации. Текстот на „Жими сè“ носи препознатливи искрени пораки, со доза хумор, реалност […]

todayDecember 6, 2024 172

Музички вести

Не пропуштајте да ја чуете и видите „Седна баба да вечера“ во диско верзија!

Музичкиот и мултимедијален уметник Лазар Аврамовски деновиве го објави своето најново музичко и видео дело. Овој пат тој ја обработи „Седна баба да вечера“. „Во овој аранжман сакав да ја доближам младата публика до изворните народни песни преку диско-фанк-соул реаранжман“, напиша во промотивните материјали за аранжманот и видеото Аврамовски. Главни вокали во изведбата на „Седна баба да вечера“ се Светлана Јовановска, Тања Кочовска и Јелена Јованова, а придружни вокали се […]

todayDecember 5, 2024 691

Музички вести

ЗДРАВКО ЧОЛИЌ СО СИМФОНИСКИ ОРКЕСТАР ВО МАРТ ВО СКОПЈЕ

Легендарниот Здравко Чолиќ, една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња на нашите простори, по 6 години ќе се врати во Скопје на 18 март 2025 година, во Арена Борис Трајковски. Овој пат, тој пристигнува со дури 50 врвни музичари, големите инструментални солисти на новосадскиот Биг бенд и оркестарот на операта на Српскиот народен театар од Нови Сад. Откако оваа ексклузивна концертна програма на Здравко Чолиќ со симфониски оркестар ги […]

todayDecember 4, 2024 378

Музички вести

Новиот албум „Ascend“ на Горан Таневски достапен на стрим сервисите

Горан Таневски по објавувањето на сингловите „Wish a man“ и „Среќен ден“ го објави албумот „Ascend“, кој е достапен на стрим сервисите. „Ascend“ е првиот албум од трилогијата „Среќен сум дури и без себе“ поделен во три фази од животот на авторот. На албумот, покрај двата објавени синглови, има уште седум, досега необјавени песни. – Сеќавајќи се на мојата младост од една дистанца, се обидов да ги разберам и музички […]

todayDecember 4, 2024 287

Музички вести

Билја Крстиќ: Веќе 30 години ја истражувам музичката традиција на регионот, чудесна е

Билјана Крстиќ, пејачка, композиторка, истражувачка на музичката традиција на регионот и своевиден музички археолог од студиото на 105,2 најави дека следната година ќе одбележи 50 години на музичката сцена и 25 години на оркестарот „Бистрик“, со кој успешно работи на спојот на традиционалната музика и модерните аранжмани. Во сите овие години таа трпеливо собира аудио записи на изворна музика, често и необјавувана од подрачјето на Србија, Косово, Романија, Бугарија и […]

todayDecember 3, 2024 417 3

Музички вести

Иван Кукиќ го промовираше деби-албумот насловен „Sunday vibes“

Македонскиот кантавтор и мултиинструменталист, Иван Кукиќ, го промовираше деби-албумот „Sunday vibes“. Албумот го издава „Кроација-рекордс“ и има десет песни, од кои две се веќе промовирани како синглови: „Балада за една љубов“ и „Друмови“. Иван е автор на најголемиот дел од материјалот на албумот, на кој има и интересни соработки. Едната песна е отпеана со живата легенда Дадо Топиќ, а му гостуваат и Влатко Стефановски, бугарскиот кавалџија Теодосиј Спасов, групата „Јупитер“, […]

todayNovember 25, 2024 68

0%