Музички вести

Иван Кукиќ го промовираше деби-албумот насловен „Sunday vibes“

todayNovember 25, 2024 22

Background
share close

Македонскиот кантавтор и мултиинструменталист, Иван Кукиќ, го промовираше деби-албумот „Sunday vibes“.

Албумот го издава „Кроација-рекордс“ и има десет песни, од кои две се веќе промовирани како синглови: „Балада за една љубов“ и „Друмови“. Иван е автор на најголемиот дел од материјалот на албумот, на кој има и интересни соработки. Едната песна е отпеана со живата легенда Дадо Топиќ, а му гостуваат и Влатко Стефановски, бугарскиот кавалџија Теодосиј Спасов, групата „Јупитер“, грчкиот блуз и рок-гитарист Сакис Доволис. Синглот „Балкан-фанк“ е снимен со Џамбо Агушев и Јан Стефановски.

Новата ѕвезда ја претстави познатиот музички менаџер Владимир Мандичевски- Манде, кој во оваа пригода го спомна Дадо Топиќ кој чул дека Влатко има„некој клинец кој убива на бас“,  а на промоцијата на Кукиќ му дојде и Влатко Стефановски на кого му се обраќаше со маестро.

Албумот има десет песни, од кои две се веќе промовирани како синглови: „Балада за една љубов“ и „Друмови“. Куќиќ со својот бенд на промоцијата ги отсвири најинтересните – „Sunday Vibes“ која со Влатко ја свири со поинаков аранжман на албумот, „Добар и лош“, песната „Пружам руке две“ со живата легенда Дадо Топиќ, „Мјузик филозофи“ со бугарскиот кавалџија Теодосиј Спасов, како и „Друмови“. На албумот ја има и песната во соработка и со групата „Јупитер“- „Лајф он Јупитер“, „Зрно наде“ со грчкиот блуз и рок гитарист Сакис Доволис, и синглот „Балкан фанк“ , снимен со Џамбо Агушев и Јан Стефановски.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%