Музички вести

Билја Крстиќ: Веќе 30 години ја истражувам музичката традиција на регионот, чудесна е

todayDecember 3, 2024 40

Background
share close

Билјана Крстиќ, пејачка, композиторка, истражувачка на музичката традиција на регионот и своевиден музички археолог од студиото на 105,2 најави дека следната година ќе одбележи 50 години на музичката сцена и 25 години на оркестарот „Бистрик“, со кој успешно работи на спојот на традиционалната музика и модерните аранжмани.

Во сите овие години таа трпеливо собира аудио записи на изворна музика, често и необјавувана од подрачјето на Србија, Косово, Романија, Бугарија и Унгарија, а особен афинитет има кон македонската изворна музика. За тоа сведочат бројните преработки на многу македонски песни на нејзините албуми, како Калеш Анѓо, Сербез Донка, Јано севдаллино, Јовано, Јованке и други.

-Особено ја сакам „Јовано, Јованке“, која во разни прилики ја пеевме со чудесниот Тоше Проески, момчето со прекрасен глас и исто таква душа. Тој имаше невројатна енергија и во кратко време остави толку многу музика зад себе – вели Крстиќ.

 

Во многу емоционалниот разговор од студиото на Радио Бубамара таа зборуваше не само за Тоше, туку и за нејзиниот близок роднина Бора Ѓорѓевиќ (Бора Чорба), со кој, како што вели, секогаш, меѓусебно си се обраќале со брат и сестра.

-На нашите почетоци настапувавме заедно во групите „Рани Мраз“ и „Сунцокрети“, но потоа веќе ни се разделија музичките патишта. Сепак, тој секогаш многу ја поддржуваше мојата работа и дури и пееше на некои снимки. Омилена македонска песна му беше „Оздола идат, бабо, сејмени“, која и ја изведуваше на некои наши концерти – раскажува Крстиќ.

Ова интервју репризно ќе можете да го слушнете и за време на претстојниот викенд.

 

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%