Музички вести

По 40 години се враќа „Бушава азбука“

todayDecember 23, 2024 83

Background
share close

По 40 години се враќа „Бушава азбука“ со новогодишна песна „Бушава Нова година“ дел од новата анимирана серија „Буквождер“. Втора „Бушава азбука“ (2БА) е продукција, Види Вака раскажувачко студио и Георги М. Унковски во копродукција, кои денеска соопштија дека ја објавуваат новогодишна песна „Бушава Нова година“, со која го најавуваат враќањето на образовно-забавниот бренд „Бушава азбука“.

Песната е дел од новата серија „Буквождер“, анимирано продолжение и приказна за буквите и за македонскиот јазик од легендарната „Бушава азбука“.

„Бушава Нова година“ ја пеат хероите од „Буквождер, „Бушавковци“ чии гласови ги позајмуваат Ивана Павлаковиќ, Ангела- Александра Ивановиќ и Дамјан Цветановски. Музиката е на Георги Шарески, текстот на Мите Кузевски, а во адаптација помогнаа Горан Игиќ и Георги Шарески.

Креативни продуценти се Слободан Унковски и Синоличка Трпкова, додека извршни продуценти се Горан Игиќ и Мите Кузевски. Режисер и продуцент на анимираната серија е Георги М. Унковски, а сценариото е на Калија Киселичка.

Во анимацијата се користени оригиналните илустрации на Душан Петричиќ од 1985 година, за кои копродуцентите ги имаат откупено сите права, како и адаптации и нови илустрации од илустраторот на „Буквождер“ Томи Џуровски. Анимацијата на спотот за песната и анимацијата на новата серија е дело на одличните Никола Димов, Дамјан Mихаилов и Горан Менков.

– Со оваа анимирана серија чие емитување се очекува во 2025-та година, започнува новата етапа на „Бушава азбука“ и „Бушав универзум“ во Македонија, но и секаде каде што се присутни македонскиот јазик и култура, се наведува во соопштението.

Во меѓувреме, се додава, седум години траат напорите за финансирање на „Бушав буквар“, продолжение на легендарната телевизиска серија „Бушава азбука“ за која Горан Стефановски ги почна, а по неговата ненадејна смрт Марјан Алчевски ги доврши сценаријата. За овој проект од национален интерес копродуцентите исто така ги имаат обезбедено сите права.

 

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%