Музички вести

Александар Јовевски со видео спот ја промовираше „Игра на инструментите“

todayDecember 16, 2024 61

Background
share close

Познатиот македонски композитор Александар Јовевски го промовираше новиот спот изработен за композицијата „Игра на инструментите“ чиј композитор и аранжер е тој. Оваа композиција е дел од неговиот албум „Од колено на колено“.

Настапуваат Александар Јовевски на пијано, кавал и тамбура, Горан Гешовски на бас, Ратко Даутовски-перкусии.

Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија, како проект од национален интерес.

Александар Јовевски во текот на месец ноември одржа целовечерен концерт во Прилеп, по повод одбележувањето на 45 години од постоењето на  Центарот за култура „Марко Цепенков“

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%