Month: September 2024

16 Results / Page 1 of 2

Background

Музички вести

Легендите живеат вечно, втора година по ред во Македонска Филхармонија

Концертот „Легендите живеат вечно“, посветен на македонските музички великани, втора година по ред ќе се одржи во Филхармонијата на 4 октомври од 21 часот. Ламбе Алабаковски, Наде Талевска, Ивона Јо и други пејачи ќе ги пеат хитовите на Тоше Проески, Драган Вучиќ, Јонче Христовски, Драган Каранфиловски- Бојс, Пепи Бафтировски, Есма Реџепова, Гоце Арнаудов и Зафир Хаџиманов во придружба на камерен оркестар. Минатата година, на 28 октомври се одржа првиот дел […]

todaySeptember 30, 2024 255

Музички вести

Најновата песна на групата „Меморија“, „За добро да е“ ексклузивно на Радио Бубамара!

Легендарната македонска група „Меморија“  во пресрет на својот голем славенички концерт закажан за 16 ноември 2024 во арената „Борис Трајковски“ по повод 40 години од своето постоење, денеска премиерно на Радио Бубамара пушти уште една нова, петта по ред песна насловена „За добро да е“. Овој пат во прашање е нова авторска песна, чиј автор е новиот гитарист на бендот Рубин Димковски, додека автор на текстот е Душко Темелковски, некогашниот пејач […]

todaySeptember 30, 2024 708

Музички вести

Хитовите на „Битлси“ со Националниот џез оркестар на Летната сцена „Славиша Кајевски“

Националниот џез на 1 октомври на Летната сцена „Славиша Кајевски“ ќе настапи со концерт со хитови на Битлси, а веќе на 8 октомври на сцената на МНТ, ќе одржи концерт со студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез академијата во Штип.  Вонвременските хитови на легендарните Битлси, ќе прозвучат на сосема нов начин на концертот на Националниот џез оркестар, што ќе се одржи утревечер, на 1 октомври на Летната сцена „Славиша Кајевски“-МНТ со почеток во 21 часот. Нашите џезери ветуваат […]

todaySeptember 30, 2024 201 2

Музички вести

Интернационален натпревар во пеење на песните на Тоше Проески во Скопје

На 12 октомври 2024 година, во Македонската опера и Балет, во организација на „Естрада мултимедија центар“ првпат ќе се одржи интернационален натпревар во пеење „Песните на Тоше Проески“. На настанот ќе учествуваат млади музичари од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, но и подалечните земји, како Русија, Украина, Малта, Израел… Натреварувачите ќе настапат првo во полуфиналето, а потоа ќе следува и финале, во кое ќе учествуваат сите оние што ќе […]

todaySeptember 26, 2024 570

Музички вести

„Денови на македонскиот мед“ од 26 до 29 септември!

Пчеларското здружение ,,Матица” Скопје по 20. јубилеен пат ја организира манифестацијата ,,Денови на македонскиот мед’’. Во период од 26 до 29 септември 2024 година, на улицата ,,Македонија” во центарот на Скопје, повеќе од 30 индивидуални пчелари ќе се претстават со богата понуда на различни видови мед и други пчелни производи. Од пчеларското здружение „Матица“ повикуваат: „Дојдете, пробајте и одберете го својот мед и својот пчелар“.

todaySeptember 26, 2024 492 2

Музички вести

Поетски концерт на Тихомир Јанчовски во Лабораториум

Културниот центар Лабораториум со гордост го најавува поетскиот концерт на еден од најистакнатите современи македонски поети, Тихомир Јанчовски, кој ќе се одржи во среда, на 25-ти септември 2024 година, со почеток од 20:00 часот. Оваа уникатна вечер ќе биде посветена на промоција на неговата последна збирка поезија „Граматика на љубовта“, која ќе биде претставена низ поетско читање и музичка изведба. На сцената, заедно со Тихомир, ќе настапат Иво Солдатовиќ и […]

todaySeptember 24, 2024 142

Музички вести

Со песната „Југо“ најавен последниот албум на Масимо Савиќ

Последниот албум на хрватскиот пејач Масим Савиќ (1960-2022) „Evergreen vještina“ ќе излезе на крајот на ноември, а најавниот сингл „Југо“ кој излезе неодамна е хит на Радио Бубамара во моментов. Пред објавувањето на винилот, на 12 ноември, пријателите и колегите на Савиќ ќе одржат концерт „За Масимо – Мали круг великих људи 2“ во белградскиот Сава центар. Во Сава Центар, Амел Ќуриќ, Иван Дечак, Калиопи, Мартин Косовец, Меритас, Нено Белан, […]

todaySeptember 23, 2024 482

Музички вести

Меморија ја сними песната „Мој народе“ пред концертот во Скопје

Пред концертот на 16 ноември во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, „Меморија“ сними нова песна насловена „Мој народе“. Музиката и текстот се на Ристо Самарџиев, а песната е снимена во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски, кој заедно со Давор Јордановски се продуценти на песната. Извршен продуцент е Петар Георгиевски-Камиказа. https://www.youtube.com/watch?v=M5W2NuDpUws За концертот во ноември од „Меморија“ велат дека повторно ќе бидат отсвирени најголемите хитови, но и промовирани новите […]

todaySeptember 17, 2024 357

Музички вести

Фински радио-аматери ја уловија Радио Бубамара на ФМ

Радио-аматери од Финска викендов со радост ни пишаа дека минатата недела на 13 септември успеале да ја слушаат програмата на Радио Бубамара на 105.2 MHz. Радио хобистот (DX-слушател) Џим Солати во пораката објаснува дека секое лето е можно да се слушнат далечни FM радио станици, благодарение на спорадичните пропусти во јоносферата. -Јас користам антена од 14 елементи и минатата недела имаше убав сигнален пропуст помеѓу Финска и Јужна Европа! На […]

todaySeptember 16, 2024 98

0%