Музички вести

Меморија ја сними песната „Мој народе“ пред концертот во Скопје

todaySeptember 17, 2024 75

Background
share close

Пред концертот на 16 ноември во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, „Меморија“ сними нова песна насловена „Мој народе“.

Музиката и текстот се на Ристо Самарџиев, а песната е снимена во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски, кој заедно со Давор Јордановски се продуценти на песната. Извршен продуцент е Петар Георгиевски-Камиказа.

За концертот во ноември од „Меморија“ велат дека повторно ќе бидат отсвирени најголемите хитови, но и промовирани новите песни.

Ова е трет сингл на „Меморија“ во изминативе неколку месеци. Во јули ја промовираа рок баладата „За тебе“, посветена на сопругата на пејачот Апостол Икономов-Поце, која почина во мај, а пред тоа снимија преработки на патриотски песни со наслов „Македонски бисери“. За новата песна, од бендот велат дека е посветена на Македонија.

Во моментов песната е ХИТ на Радио Бубамара 105.2 фм.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%