Музички вести

Хитовите на „Битлси“ со Националниот џез оркестар на Летната сцена „Славиша Кајевски“

todaySeptember 30, 2024 56

Background
share close

Националниот џез на 1 октомври на Летната сцена „Славиша Кајевски“ ќе настапи со концерт со хитови на Битлси, а веќе на 8 октомври на сцената на МНТ, ќе одржи концерт со студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез академијата во Штип. 

Вонвременските хитови на легендарните Битлси, ќе прозвучат на сосема нов начин на концертот на Националниот џез оркестар, што ќе се одржи утревечер, на 1 октомври на Летната сцена „Славиша Кајевски“-МНТ со почеток во 21 часот. Нашите џезери ветуваат оригинална интерпретација и незаборавна вечер со композиции на ливерпулската четворка која ја смени рокенрол музичката историја.

Како солисти на концертот ќе ги слушнеме нашите истакнати музичари: Кирил Кузманов, Славко Георгиев, Трајче Велков, Виктор Филиповски,, Сашко Николовски и Гордан Спасовски под диригенство на маестро Џијан Емин.

Една недела подоцна, поточно на 8 октомври Националниот Џез оркестар со задоволство најавува и специјален концерт, со почеток во 20:00 часот, во Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје., кој ќе ги спои искуството на професионалните музичари и талентот на студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез академијата во Штип.

Концертот ќе понуди динамична програма, исполнета со разнородни џез композиции и иновативни аранжмани. Ова вечер ќе биде одлична можност, јавноста да ужива во креативноста и свежината на новите таленти, како и да ги поддржи во нивниот музички развој.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%