Музички вести

199 Results / Page 1 of 23

Background

Музички вести

„Пристоен предлог и други песни“ и „Пеколот е мало место“ – нови поетски изданија на Тихомир Јанчовски

Во сабота, 18 октомври, во Цреша Бар ќе се одржи промоција на последните две книги поезија од Тихомир Јанчовски. Станува збор за „Пристоен предлог и други песни“ и „Пеколот е мало место“. Промотор: Дарко ЛешоскиСтихови ќе читаат: Авторот (Тихомир Јанчовски)и Братот (Зоран Тортевски) Промоцијата ќе биде со почеток од 12 часот. „Тихомир Јанчовски оваа година ни предлага нов поетски ракопис со наслов „Пеколот е мало место“, којшто на интересен начин […]

todayOctober 15, 2025 19

Музички вести

КОНЦЕРТ НА ИЗРАЕЛСКАТА ПЕЈАЧКА ЈАСМИН ЛЕВИ НА 17 ОКТОМВРИ ВО СКОПЈЕ

Израелската ѕвезда Јасмин Леви повторно ќе настапи во Скопје – на 17 октомври во Македонската филхармонија. Веста ја објави самата пејачка на својот официјален фејсбук профил, потврдувајќи дека македонската публика ќе има можност уште еднаш да ја доживее нејзината магија. „Скопје, среќна сум што се враќам! Вашата љубов, вашата енергија, сѐ уште ги носам со себе. Да се сретнеме повторно на 17 октомври за уште една незаборавна вечер“, напиша Леви во објавата, која […]

todayOctober 13, 2025 126

Музички вести

Ексклузивно на Радио Бубамара: Давид Темелков ја претставува новата песна „Слушај животот штом диктира“!

Еден од најемотивните и најмоќни вокали на регионалната музичка сцена, Давид Темелков, ја завршува годината во голем стил! Неговиот нов сингл „Слушај животот штом диктира“ не е само песна — тоа е животна порака, емоционален манифест и вовед во едно ново музичко поглавје со кое Давид одбележува децениско патување низ својата кариера. Со овој сингл Давид го најавува својот втор студиски, воедно и кантавторски албум — проект што го опишува […]

todayOctober 13, 2025 52

Музички вести

„Охрид Фест 2025“ – Успешно завршен фестивал со големи музички имиња!

На 29 и 30 август, на сцената на „Долни Сарај“ на Охридското крајбрежје се одржа 32-то издание на „Охрид фест – Охридски трубадури“, еден од најпрепознатливите музички фестивали во Македонија. Фестивалот кој со години е синоним за летна музичка магија, ги спои музичкиот квалитет, културната традиција и туристичката промоција на Охрид. „Соња“ на Мишко Крстевски и „Ти миришеш на љубав“ на Ангело, претставникот на Словенија се победници на „Охрид фест“. […]

todaySeptember 1, 2025 202

Музички вести

КАРПОШОВО КУЛТУРНО ЛЕТО 2025

МАКЕДОНСКАТА КРЕАТИВНА СЦЕНА ПОД ОТВОРЕНО НЕБО Со наши деца, наши музичари, наши хористи, пејачи, танчери и играорци, писатели, ликовни уметници и филмови! Од 18 до 29 август, во Општина Карпош ќе уживаме во манифестацијата „Карпошово културно лето“, која ќе понуди богата и разновидна програма со учество на домашни уметници од различни области. Со оваа манифестација ќе се прикаже креативната енергија и културниот потенцијал на уметниците кои живеат и творат во […]

todayAugust 13, 2025 757 2

Музички вести

Александар Јовевски со маестрален и светски етно албум пред македонската публика!

,,Од колено на колено” e нов музички етно проект (албум) на Александар Јовевски на кој базата е македонскиот фолклор, традиција и идентитет, и е проект од национален интерес за Македонија. Во составот на проектот има повеќе професионални музичари и се застапени народните инструменти: кавал, тамбура, канон, женски вокали, и е збогатено со клавијатури. На носачот на звук ,,Од колено на колено” се застапени 4 обработки на стари македонски изворни песни […]

todayAugust 7, 2025 96

Музички вести

Акција на Еко Флуид – зошто отпадното масло не се фрла, туку се рециклира?

Оваа сабота, 26 јули, Еко Флуид и Лукоил Македонија ве канат на едукативна еко-промоција низ четири градови! Ќе не најдете: на БС Прилеп – од 10:00 до 12:00 часот (ул. Александар Македонски бр.286, М5 на излез од Прилеп ) на БС Битола – од 13:00 до 15:00 часот ( ул. Владимир Назор бр. 2 а, на излез од Битола кон Скопје) на БС Стража од 10:00 до 12:00 часот ( […]

todayJuly 24, 2025 58 2

Музички вести

Возбудливо е на спортските борилишта на Европскиот младински олимписки фестивал

По спектакуларната церемонија на свеченото отворање, започнаа и спортските возбудувања на Европскиот младински олимписки фестивал – Скопје 2025. Младите олимписки надежи од цела Европа ги имаа своите први настапи на спортските борилишта ширум главниот град и во Куманово, испраќајќи силна порака за единство, спортски дух и иднина полна со потенцијал. Во фокусот на првиот натпреварувачки ден беа финалните дисциплини во атлетика, каде што се случи историски момент: беше соборен светски […]

todayJuly 22, 2025 44

Музички вести

Skopje Via на 9 јули во Intermezzo Music Bar

Оваа среда – 9 јули Intermezzo Music Bar Подгответе се за вечер исполнета со енергија, емоција и музика што допира до душата! Skopje Via – Gypsy Project Ве покануваат на посебно музичко доживување со:Мишел ТрајковскиЈана Стојановски  Овој проект е само доказ дека уметноста има моќ да обедини таленти од различни сфери и да создаде дела што трајно оставаат впечаток. Не пропуштајте! Вечер што ќе се памети – во Intermezzo Music […]

todayJuly 8, 2025 51

0%