Александар Јовевски со видео спот ја промовираше „Игра на инструментите“
Познатиот македонски композитор Александар Јовевски го промовираше новиот спот изработен за композицијата „Игра на инструментите“ чиј композитор и аранжер е тој. Оваа композиција е дел од неговиот албум „Од колено на колено“. Настапуваат Александар Јовевски на пијано, кавал и тамбура, Горан Гешовски на бас, Ратко Даутовски-перкусии. Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија, како проект од национален интерес. Александар Јовевски во текот на месец ноември […]