play_arrow
LIVE BACKUP
play_arrow
LIVE
play_arrow
RadioBM Prilep
play_arrow
Mak POP-ROCK
play_arrow
ExYU POP-ROCK
play_arrow
ExYU hits
play_arrow
80s hits
play_arrow
Love songs
play_arrow
Caffe radio
play_arrow
Lounge bar
play_arrow
Mak folk
play_arrow
Funk & soul
todayMay 7, 2025 73
Актерите Соња Михајлова, Снежана Конеска-Руси и Гоце Тодоровски се годинашни добитници на наградата за животно дело на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Педесет и деветотто издание на Фестивалот ќе се одржи од 6 до 13 јуни, под мотото „Смеј се и осмели се“, најави денеска уметничката директорка Ана Стојаноска.
Стојаноска рече дека за ова издание на фестивалот, од одгледаните претстави (и во институционалните театри и од независната продукција) се воспоставил впечатокот дека доминираат оние во кои може да се препознаат ставот на режисерот и потребата да се создава автентична театарска продукција.
„На репертоарите во македонските театри повторно може да се забележи разногласие во однос на изборот и стилот на театарската продукција. За пофалба е поставувањето на неколку драми од македонски автори, со што конечно може да се види и дел од идејата за етаблирање на домашната драма. Во ова издание на фестивалот може да се препознаат и повеќе доминантни музички креации, кои и тоа како треба да бидат акцентирани, наградени и валоризирани“, кажа Стојаноска.

Во официјалната селекција се претставите: „12“ во режија на Синиша Евтимов, продукција на Македонски народен театар (МНТ), „Парови“ на Ивана Ангеловска, Драмски театар Скопје, „Ричард Трети“ на Куштрим Бектеши, Албански театар Скопје, „Слепци“ на Ќендрим Ријани, Турски театар Скопје, „Црно семе“ на Андреј Цветановски, Народен театар Битола, „Бура“ на Џон Блондел, Народен театар „Војдан Чернодрински“ , Прилеп, „Рацин“ на Дејан Пројковски, продукција на Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ Велес, „Сите прекрасни нешта“ на Нела Витошевиќ, продукција на Народен театар Штип и „Пар-распар“ на Нина Николиќ, продукција на Театар Комедија.
Во придружната програма се претстави од независната продукција: „Вампири“ во режија на Милош Б. Андоновски, продукција на „Театар за сите“ Скопје, „Снег“ на Зоја Бузалковска, продукција на „Штрих“ Скопје, „Сите најубави нешта“ на Дејан Пројковски, продукција на „ОХО продукција“, „Казабалкан“ на Дамјан Костовски, продукција на Здружение за развој на театарска продукција „Оска“ Скопје и „Ла Магбет“ на Шенај Мандак, во изведба на Хакан Даци, продукција на „Хибрид“ Скопје.
Written by: radiobubamara_editor
1
Gabi Novak & Royal Philharmonic Orchestra
2
Ana Petan & Dado Topić
3
Marija Mirkovic
Post comments (0)