play_arrow
LIVE BACKUP
play_arrow
LIVE
play_arrow
RadioBM Prilep
play_arrow
Mak POP-ROCK
play_arrow
ExYU POP-ROCK
play_arrow
ExYU hits
play_arrow
80s hits
play_arrow
Love songs
play_arrow
Radio Stip
play_arrow
Lounge bar
play_arrow
Mak folk
play_arrow
Funk & soul
todayAugust 20, 2024 579
Со прекрасните звуци на Зборувај за Скопје, Моја гитаро, Молчи, молчи, Кажи нешто драга, 223 305 … во изведба на врвни уметници, Националниот џез-оркестар, Гудачки оркестар, солистите Андријана Јаневска, Џон Илија Апелгрин, Ана Петановска, Светлана Јовановска и легендата Драган Мијалковски, сите на едно место, на една сцена стартуваше 15-то јубилејно издание на Карпошовото културно лето.

Со бројна публика во идеалната летна вечер, Радио Бубамара организираше незаборавна вечер со македонски евергрини, дел од нив добитници на награди на последното издание на најгледаната и најпосетуваната манифестација кај нас „Златна Бубамара на популарноста“

Плоштадот „Делфина“ во Влае беше исполнет со публика од 7 до 77 години, љубители на квалитетна музика кои уживаа во фантастичните изведби на македонските евергрини.
За крај на отворањето на Карпошово културно лето свој исклучителен настап имаше Драган Мијалковски кој сподели многу љубов, прекрасна енергија и хорско пеење во еден глас со многубројната публика!

Дел од хитовите им ги насолзија очите на оние од повозрасната генерација, а ги разиграа децата. Се радувам што и децата ја знаат „223-305“, рече пејачот.
Слични настапи со добитниците на „Златна Бубамара на популарноста“ се планирани во други општини во наредниот период.
Written by: radiobubamara_editor
1
Kaliopi
2
Zdravko Colic
3
David Temelkov
Post comments (0)