Музички вести

Хитовите од златното време на македонската популарна музика за почеток на Карпошовото културно лето!

todayAugust 20, 2024 79

Background
share close

Со прекрасните звуци на Зборувај за Скопје, Моја гитаро, Молчи, молчи, Кажи нешто драга, 223 305 … во изведба на врвни уметници, Националниот џез-оркестар, Гудачки оркестар, солистите Андријана Јаневска, Џон Илија Апелгрин, Ана Петановска, Светлана Јовановска и легендата Драган Мијалковски, сите на едно место, на една сцена стартуваше 15-то јубилејно издание на Карпошовото културно лето.

Со бројна публика во идеалната летна вечер, Радио Бубамара организираше незаборавна вечер со македонски евергрини, дел од нив добитници на награди на последното издание на најгледаната и најпосетуваната манифестација кај нас „Златна Бубамара на популарноста“

Плоштадот „Делфина“ во Влае беше исполнет со публика од 7 до 77 години, љубители на квалитетна музика кои уживаа во фантастичните изведби на македонските евергрини.

За крај на отворањето на Карпошово културно лето свој исклучителен настап имаше Драган Мијалковски кој сподели многу љубов, прекрасна енергија и хорско пеење во еден глас со многубројната публика!

Дел од хитовите им ги насолзија очите на оние од повозрасната генерација, а ги разиграа децата. Се радувам што и децата ја знаат „223-305“, рече пејачот.

Слични настапи со добитниците на „Златна Бубамара на популарноста“ се планирани во други општини во наредниот период.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%