Музички вести

Дадо Топиќ „Ponovo na cesti“ – од сега и на CD

Хрватската рок легенда Дадо Топиќ го објави новиот студиски албум под наслов „Поново на цести“, кој содржи десет песни и од сега е достапен и на CD. Албумот претставува спој на врвна авторска екипа и богата продукција. За најголемиот дел од музиката е заслужен Брано Ликиќ, кој воедно е и продуцент на албумот, а остатокот од авторската екипа ја сочинуваат Радоман Кањевац, Јосип Слишко, Душко Трифуновиќ, Неџад Беговиќ и Мирослав Пиљ. Во текот на повеќе од пет децении на музичката […]

todayNovember 14, 2025 26

Музички вести

„Надеж – светлина низ темнината“ – изложба што пее за животот!

На 17 ноември во 20 часот, во Младинскиот културен центар – Скопје, ќе се отвори изложбата „Надеж – светлина низ темнината“ на визуелната уметница Ана Митевска, под кураторство на Јасминка Намичева. Циклусот е интимно патување низ бојата и тишината – сведоштво дека светлината секогаш постои, дури и во темнина. Изложбата ја придружува легендарната песна „Во облак сонце“ (1974) – со текст на Драган Михајловски, музика на Илија Пејовски и Константин Коце Икономов, победнички изведена од Маја Оџаклиевска, а во ново […]

todayNovember 13, 2025 28

Музички вести

Кога легендите ќе се сретнат: Младен Војичиќ Тифа, Мирослав Рус и Влатко Стефановски заедно во песната “Anđeo u paklu”

Еден од најпрепознатливите вокали на регионалната рок сцена, Младен Војичиќ Тифа, има нова песна со моќен наслов – "Anđeo u paklu", уште едно посебно поглавје во неговата богата музичка кариера, но и почеток на соработката со реномираната дискографска куќа Hit Records. Автор на музиката и текстот е Мирослав Рус, еден од најпознатите автори во регионот, додека аранжманот, заедно со него, го потпишува тим составен од Михаел Блум, Влатко Стефановски, Федор Боиќ, Дадо Маринковиќ и Ален Светопетриќ – музичари кои со […]

todayNovember 11, 2025 61

Музички вести

НОВ АЛБУМ НА ДАВИД ТЕМЕЛКОВ – СЛУШАЈ ЖИВОТОТ ШТОМ ДИКТИРА

Што се случува кога животот ќе стане најголемиот автор на твоите песни? Давид Темелков го знае одговорот — но не го изговара. Тој го пее. По забележаниот прв албум и низа емотивни синглови кои го најдоа патот до срцата на публиката низ целиот регион, Давид се враќа — позрел, поавтентичен и похрабар од било кога. Неговиот втор студиски албум „Слушај животот штом диктира“ не е само збирка песни. Тоа е личен дневник, запис на емоции кои не можат да се премолчат, […]

todayNovember 11, 2025 38

Музички вести

Божо Вреќо на 21 ноември со концерт во Филхармонија

Божо Вреќо, најпознатата босанскохерцеговска ѕвезда на денешницата, на 21 ноември 2025 година доаѓа во Скопје каде што ќе настапи во Македонската филхармонија. Вреќо е лирски тенор кој со својот ангелски глас ги испева најдлабоките емоции. Неговиот пристап е навистина катарзичен, трансверзален и уникатен, како што пишуваат светските медиуми како францускиот ARTE, американскиот New York Times и шпанскиот El Periodico. Споменатите медиуми го нарекуваат и „икона на слободата, ангелски глас што ги милува душите и ги отвора срцата“. За неговата популарност […]

todayNovember 7, 2025 28


LISTEN ON

0%