Музички вести

199 Results / Page 2 of 23

Background

Музички вести

Новата песна на Владо Јаневски – „Штом сум среќна“ – Ексклузивно на Радио Бубамара

На Меѓународниот ден на реге музиката, Владо Јаневски премиерно ја претстави својата најнова музичка приказна – „Штом сум среќна“. Во препознатлив стил со уникатна мелодија, Владо повторно создаде песна што остава трага. „Штом сум среќна“ -  Ексклузивно слушајте ја секој час само на Радио Бубамара – најновиот Бубамара хит! Слушајте нè на 105.2 фм или на www.radiobubamara.mk и уживајте во ексклузивната премиера на овој нов музички бисер.

todayJuly 1, 2025 513

Музички вести

Концерт на Симон Трпчески на 20 декември во арена „Борис Трајковски”

На 20 декември 2025 година, Скопје ќе биде сведок на музички спектакл посветен на 25-годишнината од уметничката кариера на еден од најголемите амбасадори на македонската култура во светот, маестро Симон Трпчески. Настан кој не се одбележува само со аплауз, туку со пиетет, восхит и неизмерна гордост. Во соработка со Националната опера и балет, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, оваа вечер ќе биде спој на уметност, традиција, емоција и врвна […]

todayJune 26, 2025 27

Музички вести

Јубилеен концерт на Силви Бенд со Симфониски оркестар во Охрид – 35 години музика што спојува генерации!

На 31 јули 2025, под ѕвезденото небо на Античкиот театар во Охрид, Силви Бенд го прославува својот голем јубилеј – 35 години музика, љубов и верност кон публиката. Овој ексклузивен концерт ќе ги обедини емоциите на музиката со величественоста на класичниот звук – благодарение на специјалната соработка со Симфонискиот оркестар. Очекувајте ги најголемите хитови на бендот, меѓу кои:„Ангели ме носат“, „Ме полудуваш“, „1762 лето“ и уште многу други, изведени во […]

todayJune 20, 2025 124

Музички вести

Car Show – Bitola, 21.06.2025. Настан кој не смеете да го пропуштите!

Car Show – Битола 2025 ќе се одржи на 21 јуни 2025 година во Битола. Настанот ќе обедини над 160 возила од 29 градови и 5 држави, што го прави еден од најинтернационалните автомобилски настани во регионот. Битола на овој ден ќе стане автомобилски центар и ќе ги отвори вратите за љубителите на автомобили од целиот Балкан. Настанот е наменет за сите автомобилски ентузијасти и посетители кои сакаат да уживаат […]

todayJune 19, 2025 81

Музички вести

Анастасија со кавер верзија на ‘Messy’ од Lola Young

“Хаотична” е насловот на македонската кавер верзија на глобалниот хит “Messy” кој го испеа британката Лола Јанг. Продукцијата на овој музички проект е на онлајн магазинот Трн.мк, а изведбата на македонските и англиските вокали е на младата артистка со суперсоничен глас Анастасија Трајковска. Носител на идејата и концептот е Марјан Забрчанец, а препевот на рефренот на македонски јазик го направи Марко Маринковиќ – Слаткар. Текстот го следи оригиналниот мотив на […]

todayJune 18, 2025 48

Музички вести

„Лавиринт“ е новата песна на Тамара и Игор Џамбазов

Тамара Тодевска ја сними новата песна „Лавиринт“, во која соработува со Игор Џамбазов и Роберт Билбилов. Џамбазов е автор на текстот, а Билбилов на музиката и на аранжманот. „Оваа песна е напишана пред неколку години, а Тамара веројатно ја чувала за некој вистински момент како овој“, ни рече Џамбазов, кој заедно со Билбилов е автор и на еден од најголемите хитови на Тодевска, „Тажна љубов, среќна песна“. Спотот е  весел, снимен […]

todayJune 18, 2025 41

Музички вести

Постхумно издаден албум на Оливер Драгојевиќ

Долгоочекуваниот албум "Dolaziš" од неповторливиот Оливер Драгојевиќ ја виде светлината на денот! Станува збор за издание со дванаесет претходно необјавени песни кои сигурно ќе ги воодушеват бројните обожаватели на легендарниот музичар. Албумот е достапен од денес на сите стриминг услуги, а може да се купи и во физичка форма - на ЦД. Најавен со сингловите "Ne mogu ti reći" и "Vrime je", албумот го носи и новиот насловен сингл "Dolaziš", […]

todayJune 16, 2025 82 2

Музички вести

Акустичен концерт на Калиопи “100% LIVE“ на 14 ноември во „Македонска филхармонија“

По минатогодишниот спектакл пред преполната арена „Борис Трајковски“, македонската музичка дива Калиопи, повторно ќе настапи пред домашната публика, овојпат во ексклузивна, unplugged верзија “100% live”, на 14 ноември 2025 година, во салата на Македонска филхармонија во Скопје. Настанот е замислен како интимно и длабоко музичко искуство, целосно фокусирано на уметноста, зборот и емоцијата што Калиопи ја носи со секој здив. Публиката ќе има ретка можност да ги слушне нејзините најголеми […]

todayJune 10, 2025 81 2

Музички вести

ПОЧИНА МАТИЈА ДЕДИЌ! Џез пијанистот е син на Габи Новак и на Арсен Дедиќ

Хрватскиот музичар Матија Дедиќ почина синоќа во Загреб на 53-годишна возраст. Тој беше еден од најпознатите хрватски џез музичари. Потекнува од музичко семејство (син на Арсен Дедиќ и Габи Новак), а во 1997 година дипломирал џез на Академијата за уметности во Грац (Харалд Нојвирт). Роден во семејство на музичари Матија Дедиќ е роден на 2 март 1973 година во Загреб, каде што дипломирал во Средното музичко училиште „Ватрослав Лисински“. Роден […]

todayJune 9, 2025 205

0%