Музички вести

„Дац и Александар – Дамите бираат“: Музичко шоу на 6 и 7 март по повод Денот на жената

todayDecember 4, 2025 17

Background
share close

Милениците на женската публика, дуото Дац и Александар, на 6 и 7 март 2026 година, по повод празникот на жената 8 Март, на големата сцена на Македонскиот Народен Театар подготвуваат музичко шоу „Дац и Александар – Дамите бираат“.

МНТ ќе биде домаќин на овој проект што ги спојува минатото и сегашноста, силата и нежноста, уметноста и емоцијата, а гласовите, инструментите и срцата ќе се соединат во едно – за да се прослави љубовта кон жената.

Концертот ќе биде збогатен со голем оркестар од 15-тина луѓе на сцена, предводен од маестралните „Дрим Тим“, како и со специјални музички гости (музички доајени на естрадата) и пријатели на дуото.

Публиката ја очекуваат две волшебни вечери исполнети со елеганција, љубов и боемштина, а Дац и Александар со своите хитови и изборот од евергрини ќе ја исполнат салата со љубов, убавина и ноти што допираат директно до душата.

На оваа целовечерна прослава на љубовта по концертот во фоајето на МНТ присутните ќе уживаат и во гала коктел забава и дружење со Дац и Александар, заедно со диџеј Миле Ѓуриќ и Боби Јоргушевски.

Слоганот на овие концерти е „Дамите бираат, а мажите резервираат“ и тоа, како што велат Дац и Александар, „мажите да го направат навреме“. Од МНТ велат дека веќе има огромен интерес за билети по официјалното пуштање во продажба на 1 декември.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

0%