Музички вести

Влатко Стефановски со нов инструментален албум Guitar sings, дел од проектот „Hitmaker“, во чест на Ѓорѓе Новковиќ

todayDecember 1, 2025 15

Background
share close

Влатко Стефановски, еден од најценетите гитарски виртуози на овие простори, стои зад сите инструментални верзии на песните од големиот проект Hitmaker – Ѓорѓе Новковиќ, кои се веќе достапни како ново дигитално издание на Croatia Records, најголемата дискографска куќа во регионот.

Станува збор за целосна колекција од десет безвременски хитови во целосно инструментално руво, отсвирени во препознатливиот, емотивен и суверен стил на Стефановски.

Специјалното дигитално издание Guitar sings ги донесува инструменталните верзии на песните Zora jeNadaŽuta ružaOstala si uvijek istaVirujen u tePrva noć sa njomJužnjaci, како и три песни во чии вокални верзии учествуваа Петар Грашо (Ako me ostaviš)Борис Новковиќ (Takav je život) и Миа Димшиќ (Stari Pjer). Овојпат песните дишат поинаку – без вокали, но со полнокрвната гитарска експресија на Стефановски, која ја истакнува мелодиската сила на композициите на хитмејкерот Ѓорѓе Новковиќ.

Овие инструментали се снимени како засебен уметнички концепт, создавајќи атмосфера што истовремено пренесува носталгија, виртуозност и современост. Дигиталното издание е достапно на сите стриминг-платформи, додека до крајот на годината проектот ќе биде објавен и на CD, а на почетокот од следната година и на винил, со што целиот инструментален материјал ќе добие и свои физички изданија.

Со ова издание, Croatia Records дополнително ја проширува приказната на проектот Hitmaker – Ѓорѓе Новковиќ, носејќи и на публиката ново, ненаметливо, интимно и врвно музичко искуство потпишано од единствениот – Влатко Стефановски.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

0%