Влатко Стефановски со нов инструментален албум Guitar sings, дел од проектот „Hitmaker“, во чест на Ѓорѓе Новковиќ
Влатко Стефановски, еден од најценетите гитарски виртуози на овие простори, стои зад сите инструментални верзии на песните од големиот проект Hitmaker – Ѓорѓе Новковиќ, кои се веќе достапни како ново дигитално издание на Croatia Records, најголемата дискографска куќа во регионот. Станува збор за целосна колекција од десет безвременски хитови во целосно инструментално руво, отсвирени во препознатливиот, емотивен и суверен стил на Стефановски. Специјалното дигитално издание Guitar sings ги донесува инструменталните верзии на песните Zora je, Nada, Žuta ruža, Ostala si uvijek […]