Uncategorized

Нова песна на поп-пејачката Марија Данева „Во твои раце“ во соработка со Ѓоко Танески

todayNovember 28, 2025 17

Background
share close

Поп-пејачката Марија Данева и бендот „Стенд бај“ снимија дует со Ѓоко Танески насловен „Во твои раце“. Музиката ја напиша Сашо Стојановски, текстот е на Весна Малинова, а аранжманот и мастерингот ги направи Иван Петровски.

„Песната како за мене да е напишана. Многу ми е драго што ни се погоди од прва и што Марија и бендот ме поканија да го снимиме овој дует“, вели Ѓоко Танески.

„Ништо не е случајно. Енергијата додека работевме беше неверојатна. Уште од снимањето на песната до последниот кадар од спотот – сè беше чиста позитивна вибрација“, вели Данева.

Со „Во твои раце“, музичарите испорачуваат емоционална приказна за љубов, доверба и сила, а новиот проект носи свежина, професионален пристап и идеја дека уште многу интересни изненадувања претстојат.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

0%