Музички вести

Дуо БЕЛДЕН и Лена Димовска во Аудиокултура

todayNovember 26, 2025 24

Background
share close

Вечер посветена на изворната музика, епското слово и живата традиција.
Дуото „Белден“, заедно со гостинката Лена Димовска на 29 ноември (сабота) 19:00 часот ќе донесат автентичен звук, изворни мелодии и силна, чиста емоција – како што се предавале од генерација на генерација. Специјален гостин: Мартин Митревски (тарабука).

Дуото „Белден“ е оформено во ноември 2025 година од Тихомир Јанчовски и Стефче Стојковски. Создадено од љубов кон корените и од потребата да се сочува живиот пулс на македонската традиција, дуото ја истражува и изведува изворната народна музика и епската поезија во нивната автентична форма.


При секој настап, дуото повикува гости – музичари, пејачи или кажувачи – со што се збогатува изведбата и се гради живо, заедничко сценско искуство.
За присуство на настанот резервација е задолжителна нa социјалните медиуми на Аудиокултура.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

0%