Музички вести

Кога легендите ќе се сретнат: Младен Војичиќ Тифа, Мирослав Рус и Влатко Стефановски заедно во песната “Anđeo u paklu”

todayNovember 11, 2025 61

Background
share close

Еден од најпрепознатливите вокали на регионалната рок сцена, Младен Војичиќ Тифа, има нова песна со моќен наслов – “Anđeo u paklu”, уште едно посебно поглавје во неговата богата музичка кариера, но и почеток на соработката со реномираната дискографска куќа Hit Records.

Автор на музиката и текстот е Мирослав Рус, еден од најпознатите автори во регионот, додека аранжманот, заедно со него, го потпишува тим составен од Михаел Блум, Влатко Стефановски, Федор Боиќ, Дадо Маринковиќ и Ален Светопетриќ – музичари кои со својот личен печат ѝ подарија на песната единствена енергија и карактер.

Посебна димензија внесе легендарниот гитарист со светска репутација – Влатко Стефановски, кој со својата препознатлива виртуозност и емотивна интерпретација со својата гитара ѝ даде дополнителна сила на “Anđeo u paklu” .

Тифа и Рус ги споија искуството, емоцијата и музичката искреност во песна која зборува за борба, прошка и човечка сила.

“Anđeo u paklu” носи емоција и едноставност што допира веднаш – иако зборува за пеколот на животот, во себе носи топлина и светлина.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

0%