Музички вести

ЈУБИЛЕЈНО ПЕТТО ИЗДАНИЕ: „SKOPJE AIR FAIR 2025“ СЕ ОДРЖУВА ОВАА САБОТА ВО ГРАДСКИ ПАРК!

todayOctober 24, 2025 2

Background
share close

Здружението за подобра авијација АВИКОН со голема чест го најавува одржувањето на јубилејното петто издание на воздухопловно – едукативен саем SKOPJE AIR FAIR 2025www.avicon.mk

Настанот ќе се одржи оваа сабота, на 25 октомври 2025 година, со почеток во 11:00 часот, на локацијата „Вембли“ во Градскиот парк во Скопје.

Под мотото „Делуваме денес — за воздухопловството утрe!”, саемот претставува централно место за професионална ориентација на младите и уникатна можност за сите посетители да се запознаат со авијациската индустрија во земјата.

 

Што нуди SKOPJE AIR FAIR 2025?

SKOPJE AIR FAIR 2025 e преставување на воздухопловни професии на младите – од пилоти и стјуарди, преку контролори на летање и воздухопловни метеорлози, техничари, па сѐ до инженери и оператори со дронови. Саемот е особено наменет за средношколците и студентите кои размислуваат за кариера во авијацијата. На едно место, посетителите ќе може да се сретнат и да комуницираат директно со професионалци и претставници од сите клучни воздухопловни ентитети, вклучувајќи ги:

WIZZ AIR Pilot Cadet Program (Унгарија), Агенција за Цивилно Воздухопловство, Siberi Fly (Италија), ТАВ аеродроми, Аеро Клуб Скопје, Професиите од системот на Контрола на летање преку М-НАВ а.д Скопје и здруженијата ЗКЛМ, ЗВММ и ЗВТПСКЛ,  Аеро клуб Штип, DroneBuzz (Сертифициран тренинг центар за летање со дронови), Воена Академија, Хеликоптерска единица Јастреби при МВР кои и ќе слетааат со својот Bell412 хеликоптер, Дирекција за Заштита и Спасување (кои се задолжени за гаснење на пожари со ер трактори), Ад Вербум (сертифициран тест центар за воздухопловен англиски јазик), Ваздухопловна Академија Београд (Србија), Макетрски клуб „Мајор Михајло Ивановски – Микс“, Римин Аир, Воздухопловна Федерација на Македонија и други…

Влезот за сите посетители е слободен. А локацијата Вембли во Градскиот Парк е тревната површина помеѓу Фонтаната и Езерцето а ќе биде воочлива и егзотична бидејќи ќе има Полициски Хеликоптер Bell412 слетан во Градскиот Парк.

Погледнете како беше минатата година!

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

0%