Музички вести

„Пристоен предлог и други песни“ и „Пеколот е мало место“ – нови поетски изданија на Тихомир Јанчовски

todayOctober 15, 2025 19

Background
share close
Во сабота, 18 октомври, во Цреша Бар ќе се одржи промоција на последните две книги поезија од Тихомир Јанчовски.
Станува збор за „Пристоен предлог и други песни“ и „Пеколот е мало место“.
Промотор: Дарко Лешоски
Стихови ќе читаат: Авторот (Тихомир Јанчовски)
и Братот (Зоран Тортевски)
Промоцијата ќе биде со почеток од 12 часот.
„Тихомир Јанчовски оваа година ни предлага нов поетски ракопис со наслов „Пеколот е мало место“, којшто на интересен начин се надоврзува на неговиот претходен поетски опус. За потсетување, македонскиот поет, професор, преведувач и колумнист Тихомир Јанчовски завршил општа и компаративна книжевност на УКИМ; има објавено петнаесет книги поезија, три романи, две книги за деца и една книга колумни. Поезијата му е досега преведена на 16 јазици и е објавувана во разни литературни списанија и во засебни книги. Бил учесник на бројни поетски фестивали и е застапен во многу антологии на македонската и светската поезија. Како преведувач, работел на дела од светски автори, вклучувајќи класици и современи текстови.
Збирката поезија „Пеколот е мало место“ од Тихомир Јанчовски претставува општествена критика, егзистенцијална размисла како и нуркање и истражување на човековите емоции. Секоја песна одекнува со чувство на итност и длабока интроспекција од страна на поетот, одразувајќи ја сложеноста на човековата состојба во свет полн со очај и разочарување…“
Од поговорот на Душко Крстевски

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

0%