Музички вести

КОНЦЕРТ НА ИЗРАЕЛСКАТА ПЕЈАЧКА ЈАСМИН ЛЕВИ НА 17 ОКТОМВРИ ВО СКОПЈЕ

todayOctober 13, 2025 126

Background
share close

Израелската ѕвезда Јасмин Леви повторно ќе настапи во Скопје – на 17 октомври во Македонската филхармонија. Веста ја објави самата пејачка на својот официјален фејсбук профил, потврдувајќи дека македонската публика ќе има можност уште еднаш да ја доживее нејзината магија.

Скопје, среќна сум што се враќам! Вашата љубов, вашата енергија, сѐ уште ги носам со себе. Да се сретнеме повторно на 17 октомври за уште една незаборавна вечер“, напиша Леви во објавата, која веднаш предизвика голем интерес кај нејзините обожаватели.

Јасмин Леви е родена и израсната на Блискиот Исток, каде од најмала возраст ја впива музичката разноликост на регионот – од класична музика и џез, па сè до автентичните ориентални звуци. Таа умешно ги спојува овие влијанија со шпанските ритми и фламенко, создавајќи препознатлив стил што ја издвојува на светската музичка сцена. Нејзиниот вокал, полн со страст и емоција, ја освои скопската публика во април годинава, кога концертот во Македонската филхармонија беше целосно распродаден. Со оглед на тоа искуство, очекувањата за новиот настап се големи – уште една вечер исполнета со фламенко, латински ритми и моќна интерпретација.

 

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

0%