Музички вести

Ексклузивно на Радио Бубамара: Давид Темелков ја претставува новата песна „Слушај животот штом диктира“!

todayOctober 13, 2025 52

Background
share close

Еден од најемотивните и најмоќни вокали на регионалната музичка сцена, Давид Темелков, ја завршува годината во голем стил!

Неговиот нов сингл „Слушај животот штом диктира“ не е само песна — тоа е животна порака, емоционален манифест и вовед во едно ново музичко поглавје со кое Давид одбележува децениско патување низ својата кариера.

Со овој сингл Давид го најавува својот втор студиски, воедно и кантавторски албум — проект што го опишува како круна на досегашното творештво и искрен подарок за публиката што го следи од самиот почеток.

Албумот носи сосема нов звук, автентичен потпис и светска продукција, со што Давид повторно докажува дека е еден од најзрелите и најперспективни изведувачи на својата генерација.

„Животот е непредвидлив и понекогаш нe води таму каде што нè сме ни замислиле. Оваа песна е повик да застанеме, да слушнеме и да веруваме — затоа што понекогаш животот најдобро знае каде треба да нe одведе“, порачува Давид.

„Слушај животот штом диктира“ ја спојува неговата препознатлива, емотивна интерпретација со модерен, моќен и светски продуциран звук.

Тоа е песна за препуштање, доверба и сила на моментот — песна што повикува да го отвориме срцето и едноставно да слушаме кога животот диктира.

Десет години музика, емоции и соништа преточени во нов почеток — Давид Темелков отвора ново поглавје што ветува да остави длабока трага.

Слушајте нè на 105.2 фм или на www.radiobubamara.mk и уживајте во ексклузивната премиера на овој нов музички бисер.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

0%