Музички вести

„Охрид Фест 2025“ – Успешно завршен фестивал со големи музички имиња!

todaySeptember 1, 2025 202

Background
share close

На 29 и 30 август, на сцената на „Долни Сарај“ на Охридското крајбрежје се одржа 32-то издание на „Охрид фест – Охридски трубадури“, еден од најпрепознатливите музички фестивали во Македонија. Фестивалот кој со години е синоним за летна музичка магија, ги спои музичкиот квалитет, културната традиција и туристичката промоција на Охрид.

„Соња“ на Мишко Крстевски и „Ти миришеш на љубав“ на Ангело, претставникот на Словенија се победници на „Охрид фест“.

Првата вечер беше фолк, а на 30 август се одржа интернационалната вечер со поп музика, кога настапија млади и искусни пејачи од Балканот. Меѓу гостите беа српскиот евровизиски претставник Принц и хрватскиот рокер Дадо Топиќ, кој во дует со Ана Петановска ја испеа песната „Небо“, со која во јули победија на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват.

ana i dado

Ова се и останатите победници:

Најслушана песна помеѓу два фестивали:  ЛАГА Е – Мила Николовска-Ѓумар 

Награда за Најдобра Интерпретација: Агни Авшар – ПРОСТИ МИ СЕГА

Нај Трубадурска Поп Композиција: ПРАВЕ ЉУБАВИ – Маја Маринковиќ

Најдобра ПОП композиција во Балкански Манир: НАВИКЛА САМ ДА МЕ ЛАЖУ – Ана Станојевиќ

Награда СЕНАТОР, за најдобра аудио продукција: СТУДИО Тра Ла Ла – Мите Димовски и Давор Јордановски – за песната ПРОСТИ МИ СЕГА – Агни Авшар

Најдобар Дебитант: Маша Вуковиќ – ТИ СИ МОЈА ЉУБАВ

Најдобар Аранжман: Дарко Тасев за БЕЛО УТРО, пее Наталија Данаилова

Најдобар Текст: Наталија Преочанин – Самарџиќ – за ВЕРА, пее Наташа Алимпиќ

Награда од новинарите: Блаж Маротов и Златни Жици – БОРБА НА ДВЕ СУЕТИ

Сценски настап: Илија Јовчев – ПРАЗНИК БЕЗ ТЕБЕ

Награда од публика Долни Сарај: Ѓоле Боем – ЗАБУНА

Рака Мариќ ја доби наградата за Најдобар Менаџер на Екс ЈУ Простори

 

 

 

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

0%