Музички вести

ПЕКОЛОТ Е МАЛО МЕСТО

todayMay 13, 2025 22

Background
share close

Поетско-музичка катизма во Јавна соба. Мултимедијално поетско читање на песни од последните две книги на Тихомир Јанчовски, на музика компонирана од Зоран Тортевски и визуелни илустрации од Будимка Поповска. „Пристоен предлог“ и „Пеколот е мало место“ се објавени неодамна и досега не се јавно промовирани, ова ќе биде прва средба на скопската публика со нив. Дел од песните ќе бидат и испеани во живо. Се работи за песните кои Тихомир Јанчовски ги напиша за Мизар, токму за вокалот на Зоран Тортевски. Екипата што ќе ја изведе катизмата ја составуваат:

Воведничар: Тања Аждаја (уредник на изданието)

Стихови ќе читаат: Тихомир Јанчовски и Зоран Тортевски (автори на музиката и стиховите)

Музичка поддршка: Ристо Апостолов (гитара) и Добрила Грашеска (глас)

Визуелна поддршка: Владимир Лукаш

Одјава: Душко Крстевски (автор на поговорот)

Градските жени

Несреќните жени од мојот народ веќе

не носат шамии и убавината им трае

многу подолго од порано

Им припаѓаат на згрешени мажи

кои самите ги избрале

мислејќи

дека им треба сличен ним

предоцна сфатиле дека им се гади

од женски маж и не фатиле дим

туку развиле маж во себе за да го казнат

своето непромислено залетување…

Тие се дотерани и убави, со тага во очите

го бараат она што го испуштиле

од што се плашеле, што не се осмелиле

да го пуштат да ги разурне

Убавите жени, несреќните жени од градовите

тие убавеат една за друга, си ги љубат децата

и стареат брзо под сенките и пудрата

Пеколот е мало место, Макавеј, Скопје, 2025

Настанот ќе се одржи во Јавна соба, Скопје, во среда 14 мај, од 20 часот.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply


0%