Музички вести

Интервју на Здравко Чолиќ за Радио Бубамара – Го сакам Скопје

todayMay 13, 2025 91

Background
share close

Во пресрет на трите концерти закажани на почетокот на јуни во салата „Борис Трајковски“, регионалната музичка легенда Здравко Чолиќ деновиве беше во Скопје.

-Го сакам Скопје, тука имам многу пријатели и речиси се чувствувам како Македонец – вели Чолиќ во интервју за Радио Бубамара.

Популарен и омилен со децении, тој веќе 55 години владее на регионалната музичка сцена и суверено опстојува на неа. Скопските концерти се во низата негови најнови настапи со симфониски оркестар каде ги изведува своите најголеми хитови со специјално подготвена оркестрација.

Во интервјуто за Радио Бубамара зборува за овој нов звук, зборува за старите хитови, за важноста на баладите и за омиленоста на лесните рефрени, за популарноста и чувањето на личниот простор, за спортот во неговиот живот, за духот на минатите времиња, за тоa кој на екс-ју сцената има најмногу песни со женски имиња во насловот и за многу други теми.

Едноставен и спонтан, Чолиќ и во разговорот е прекрасен соговорник, колку што е суверен пејач на сцената. Редовно му ги слушаме песните на радио. Сега, слушајте го интервјуто со него денес, 13 мај во 15,30 и репризно утре, 14 мај во 7,30.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply


0%