LIVE BACKUP
LIVE
RadioBM Prilep
Mak POP-ROCK
ExYU POP-ROCK
ExYU hits
80s hits
Love songs
Caffe radio
Lounge bar
Mak folk
Funk & soul
2024 беше повеќе од добра и успешна година за Калиопи. На почетокот на годината, заедно со својот продуцент Ромео Грилл го реализираа својот нов албум насловен „АЛБУМ“, кој беше промовиран на крајот на мај со четири нови видеоспотови. На тој начин ги одбележаа и 40-те години од нивната заедничка соработка.
И тоа не беше сè!
Во текот на летото, таа уживаше заедно со својата публика во Македонија на големите концерти во Охрид и во Битола, заклучно со големиот концерт во преполната арена „Борис Трајковски“ во Скопје, каде што уште еднаш потврди колку е голема поврзаноста меѓу неа и публиката, како и значењето на музиката што се создавала сите овие години наназад, сè до денес.
Пред големите подготовки за нејзината регионална турнеја, таа реши годинава да ја заврши со уште едно изненадување за публиката.
Го реализира и седмиот видеозапис за песната „Дај, дај ми дај“ од новиот албум, во соработка со Мелем продукција.
Со песната и видеоспотот, заедно со Халкбанк, таа сака на сите луѓе да им ги честита претстојните новогодишни и божиќни празници.
За оваа пригода, Калиопи изјави:
„Среќна сум и благодарна што имав ваква година. И токму затоа сакав на некаков начин да им се заблагодарам на сите оние што придонесоа за оваа среќа, а истовремено да пратам порака до луѓето – никогаш да не престанат да веруваат во себе, во добрите нешта и во нивното споделување. Песната “Дај, дај ми дај” нека биде потсетник за сите нас – секогаш да веруваме во себе и во она што го сакаме.“
Written by: radiobubamara_editor
1
Gabi Novak & Royal Philharmonic Orchestra
2
Ana Petan & Dado Topić
3
Marija Mirkovic
Post comments (0)