Музички вести

Минитурнеја на „Фолтин“ низ Македонија

todayAugust 6, 2024 70

Background
share close

Групата „Фолтин“ ќе одржи минитурнеја низ Македонија со три концерти. Првиот е во Струга на 8 август во рамките на осмото издание на фестивалот Дрим шорт.

Следниот концерт е на 16 август, во матичната Битола. Настанот на ракометното игралиште ќе го отворат младите битолски бендови „Tzar von time”, „Siotto jazz” и „Corrosion”, а специјални гости ќе бидат „Суперхикс“. На 25 август, „Фолтин“ ќе одржи концерт во Кавадарци во Винскиот музеј.

„Фолтин“ е македонски бенд, активен од 1995 година. Настапите во живо на „Фолтин“ се театарски и во кабаре стил. Работеле на театарска и филмска музика многу пати, меѓу кои „Медена земја“ и „Исцелител“. Текстовите на првите три албуми на бендот се мешавина од фонетски имитации на јазици, вклучувајќи шпански, француски, романски и португалски.

 

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%