Музички вести

Август е резервиран за „Охрид фест – Охридски трубадури“

todayAugust 1, 2024 77

Background
share close

„Охрид фест“ е еден од најпознатите музички фестивали кои низ својата историја оставија сериозна трага во нашата музичка индустрија, но е познат и надвор од границите: изминатите три децении допре до над 200 милиони гледачи, се емитуваше во педесетина земји во Европа и низ светот, во фестивалската биографија е запишано дека на него настапија пејачи од 37 земји, но тој е и значаен симбол на градот Охрид.

Годинава фестивалот ќе се случува на 30 и 31 август на добро познатата, величенствената сцена на Долни Сарај.

Традиционално фестивалот ќе почне со Фолк вечер, каде што покрај докажаните Благоја Грујовски, Катерина Танева, Благица Павловска, Петар Нечовски, Милица Кузмановска, група „Биоритам“, шанса за убав старт ќе имаат и нови музички надежи.

Интернационалната вечер е резервирана за поп-музиката и младите, но и за етаблирани имиња од Србија, Хрватска, Босна, Словенија, Бугаријa. На фестивалот ќе ги видиме Јелена Томашевиќ, Дадо Топиќ, Кристијан Рахимовски, Гоца Тржан…

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%