Музички вести

Концерт на Национален џез оркестар и Васил Хаџиманов во Охрид

todayJuly 18, 2024 57

Background
share close

На 11 август, со почеток од 22 часот, на сцената на Долни Сарај, Охрид, концерт ќе одржи

Националниот џез оркестар, а гостин на концертот кој ќе биде диригиран од страна на

маестро Џијан Емин, ќе биде истакнатиот српски пијанист со македонско потекло,

композитор и лидер на бенд, познат по својот иновативен пристап кон џез-фјужн и

светската музика – Васил Хаџиманов.

Во текот на својата кариера, Хаџиманов има соработувано со бројни меѓународни

музичари и има издадено повеќе албуми кои добиваат позитивни оцени од критиката,

меѓу кои „Васил Хаџиманов бенд“ (2001), „7/8 & 11“ (2008) и „Alive“ (2016). Неговите

композиции често ги рефлектираат неговите искуства и согледувања за културната

различност на Балканот и пошироко. Во 2023 година го издава албумот “Keyf” чија

промоција се одржа неодамна и во земјава и наиде на навистина добар прием од

публиката.

 

Васил Хаџиманов продолжува да биде водечка фигура во современата џез и фјужн

музичка сцена, признат како по неговото виртуозно свирење пијано, така и по неговата

способност да ги премости културните поделби преку музиката.

 

На концертот во Долни Сарај ќе бидат изведени дел од најпознатите композиции на

Хаџиманов, адаптирани за изведба со биг-бенд, како и композиции од неодамна

промовираниот албум “Keyf.” Аранжманите на композициите се на Владимир Николов,

Тони Китановски и самиот Хаџиманов.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%