Музички вести

Нова песна на Владо Јаневски – „Прекрасен ден“

todayJune 8, 2024 330

Background
share close

Новата песна „Прекрасен ден“ на Владо Јаневски, промовирана денес (8.06.) на пладне на Бубамара радио, е уште една чудесна балада за љубовта и заеднички поминатото време, кои го прават секој ден – прекрасен.

Познат како лиричар и пејач на сентиментот, Јаневски и во оваа песна во која „…зад Кожуф златна светлина извира, а Вардар тивко шумоли… “ порачува: „Прекрасен ден, ти мораш негде, а јас те гушкам посилно, дај земи ме со тебе….“.

Омилен поради љубовните балади, Владо Јаневски со новата песна додава уште малку специфична емоционална тежина во својот богат репретоар.

Песната е промовирана – ексклузивно – на Бубамара радио, со што продолжува повеќегодишната наша соработка со овој хитмејкер.

Точно на пладне, во овој прекрасен ден – ни доаѓа и „Прекрасен ден“ на Владо Јаневски. Слушајте на 105,2.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%