Музички вести

Калиопи има нов АЛБУМ!

todayMay 29, 2024 31

Background
share close

Поттикнати од нивниот овогодишен јубилеј, 40 години од нивната соработка, Калиопи и Ромео одлучија  да и подарат на публиката уште 8 нови песни, креирајќи го комплетно албумот насловен како АЛБУМ.

На албумот се наоѓаат 10 песни, од кои две и се веќе познати на публиката. Минатата година албумот го најавија дуетската песна “Знам” (со Жељко Самарџиќ) и песната “Кад осване”, кои во меѓувреме ги освоија срцата на публиката. Публиката за прв пат ќе има двојазичен албум, како симбол на сите овие години креирање музика дома и во регионот.

Ако би можеле со еден збор да го опишеме овој албум, како и неговото создавање , неизбежно е да кажеме-СРЕЌА!

Бидејќи Калиопи и Ромео се бескрајно среќни, што и по толку години дишат со инспирација, со која создаваат музика и за следните нови генерации.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%