LIVE BACKUP
LIVE
RadioBM Prilep
Mak POP-ROCK
ExYU POP-ROCK
ExYU hits
80s hits
Love songs
Caffe radio
Lounge bar
Mak folk
Funk & soul
todayMay 19, 2024 146 1
Сигурно многумина од вас овие денови можеа да видат голем број од нашите јавни личности, пејачи, водители и актери како на социјалните мрежи споделуваат видеа на кои пеат некоја песна.
Всушност станува збор за најновиот сингл на дуото – ДНК која носи наслов „Животе брате“, а на која како гости учествува кралот на фолк-музиката Наум Петрески и светски познатиот, а сепак наш Џамбо Агушев.
По се изгледа ова е уште една песна на ДНК која има голем потенцијал да стане химна на народот, односно како што е нивната „Ако утре ме нема“… Панчо и Андреј велат дека во „Животе брате“ метафорично преку обрќање на небото/Бога, се обраќаат на животот.
„Животе брате, брате, дај насмевни се. Животе брате, брате дај смилувај се. Животе брате да запееме, Еднаш живееме“ – се пее во рефренот на оваа песна, а тоа се зборови кои токму Андреј и Панчо ги порачуваат на сите нас.
„Немаме што да ви изјавиме. Кратко и јасно, ова е песна за животот! Пресреќни сме и почестени што две големи македонски легенди ни гостуваат и воедно благодарни што прифатија да бидат дел од овој проект. Искрено веруваме дека публиката ќе ужива во неа“ – велат момците од ДНК.
Инаку како и за останатите „чеда“ на ДНК, така и за оваа тие снимија одличен видеоспот со многу статисти и пријатели, а како режисер на спотот се потпишува Огнен Шапковски.
Како локации се избрани Скопска Црна Гора и етно ресторанот “Рибилимус”
Авторскиот тим е идентичен, Лазар Цветкоски се погрижи за аранжманот, текстот е на Панчо, музиката заедничка, додека делот на трубите самиот Џамбо Агушев. Спотот за песната официјално ќе биде објавен во вторник (21.05.2024).
Written by: radiobubamara_editor
1
Gabi Novak & Royal Philharmonic Orchestra
2
Ana Petan & Dado Topić
3
Marija Mirkovic
Post comments (0)