Музички вести

Џаро, менаџерската легенда, замина во легендите

todayApril 25, 2024 47

Background
share close

Велибор Џаровски – Џаро, еден од највлијателните луѓе во естрадата и фудбалот на поранешната Југославија, почина на 75-годишна возраст по кратко боледување. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди од рангот на Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена и многу други, со кои има организирано повеќе од 5000 концерти и бројни турнеи.

Беше познат и како „крал на местенките“ во фудбалот, податок што никогаш не го криеше и отворено зборуваше за тоа. Како што самиот призна, наместил повеќе од 80 натпревари во сите фудбалски рангови, оставајќи зад себе легендарни приказни за тоа.

„Првиот меч што го наместил е дуелот меѓу Југококта и Тиквеш, кога им платил на играчите 500.000 динари да ја играат играта како што сака. Тој дури отиде дотаму што рече дека, според неговото сведочење, наместил еден натпревар од пониска лига во Македонија за да заврши 134:0, далечната 1971 година“, се вели во напис на Мондо.

Натпреварот со резултат 134:0 бил одигран помеѓу „Лесковец“ и „Велгошти“ во 1971 година.

-Жал ми е што младиве генерации за Џаро знаат само по измами и местење утакмици. Овој човек има направено за оваа држава повеќе од многу политичари. Ги донел најголемите балкански ѕвезди да ја засакаат Македонија толку многу што до ден-денес не ја испуштаат во своите интервјуа, муабети, без разлика дали е во прашање Здравко Чолиќ, Бора Чорба, Тереза Кесовија или Мишо Ковач – рече актерот Игор Џамбазов на ланската промоција на книгата „Џаро – живот на коцка“.

Книгата, врз основа на сеќавањата на Џаро, ја напиша неговата ќерка Милица Џаровска.

-Не беше лесно да се пренесат муабетите на Џаро на хартија – изјави таа на промоцијата.

Урбаните легенди и естрадно-фудбалските марифетлаци на овој хариматичен менаџер до ден-денес со задоволство се прераскажуваат.

Погребот ќе биде извршен е утре во 13 часот на гробиштата во Ѓорче Петров, Скопје.

Written by: radiobubamara_editor

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


0%