LIVE BACKUP
LIVE
RadioBM Prilep
Mak POP-ROCK
ExYU POP-ROCK
ExYU hits
80s hits
Love songs
Caffe radio
Lounge bar
Mak folk
Funk & soul
Доктор за оние работи е ликот Удо Шприцнмахер, кој во монодрамата „Секс и глад“ го отелотворува актерот Тарик Филиповиќ, и натаму кај нас најпознат како водител на хрватската верзија на квизот „Кој сака да биде милионер?“. По многу успешните изведби низ целиот регион и на повеќе меѓународни сцени, монодрамата „Секс и глад“ на 11 април гостува во МНТ.
-Многу се радувам што доаѓаме во Скопје, кое некако посебно го сакам. Овој мој авторски и коавторски проект се покажа многу успешен во целиот регион, а со него обиколив и добар дел од светот. Темата на сексуалноста сакав поинаку да ја посматрам, анализирам и поинаку да ја спакувам. На некој начин бев незадоволен, па и згрозен од начинот на кој се тематизира сексуалноста, па си реков ајде тоа да го сториме малку поинаку, ајде нека е научно поткрепено, ајде да го разгледаме историски, да видиме каква е ситуацијата денес, каква би можела да биде, да откриеме каде грешиме… Работев на тоа една година. Се друго ќе видите на 11 април – вели Филиповиќ за Радио Бубамара.
Ликот Удо Шриценмахер е, како што вели актерот Тарик Филиповиќ, негово алтерего.
– Посакав на театарските штици да бидам некој друг. Ние, мажите, главно сонуваме дека сме супермени на бројни полиња на животот, а особено во сексуалноста, а мнозинството од нас се разбира – не се. Во претставата едноставно сакав да сум некој друг и да проговорам низ ликот на некој кој е најпознат сексолог. Уживав во тоа, уживам јас, ужива публиката… Да, Удо Шприценмахер е херој саат и 20 митути, а во последните 5 минути повторно сум јас – јас, вели Филиповиќ.
Претставата има цел да ги урне табуата околу сексот, а примарна цел и е да ја опушти публиката, да ја едуцира и да ја забави.
-Сексот и гладот се основни модуси во размислувањето на мажите. Јас обично ја држам машката страна, но оваа претстава некако е понаклонета кон жените – вели Филиповиќ.
Досегашното искуство покажува дека во претставата, која е интерактивна, полесно се вклучуваат жените, кои, како што вели Филиповиќ, обично се и поголемо мнозинство во публиката.
Филиповиќ пред пет години постигна голем успех и со монодрамата „Ќиро“, посветена на легендарниот тренер Мирослав Блажевиќ Ќиро.
Written by: radiobubamara_editor
1
Gabi Novak & Royal Philharmonic Orchestra
2
Ana Petan & Dado Topić
3
Marija Mirkovic
Post comments (0)