LIVE 2
LIVE
Mak POP-ROCK
ExYU POP-ROCK
ExYU hits
80s hits
Love songs
Caffe radio
Lounge bar
Mak folk
Funk & soul
27-та република Златна бубамара траеше 4 и пол часа, а донесе радост и позитивно чувство за речиси 6-илјадната публика во арената „Борис Трајковски“ – барем за наредните 4 месеци. На манифестацијата со пеење и смеење, со учество на речиси 200 изведувачи на раскошно проектираната сцена, поделени се награди во 25 категории и истретирани се на комичен начин сите дијагнози на времето во кое живееме.
Вадењето пасоши и други лични документи, во кое е заглавена Македонија последнава година, беше главна инспирација на 27. Златна бубамара, која се одржа под мотото „Кој чека ќе дочека“. Посетителите се сликаа на обрасците за лична карта, издадени од 27-та република Златна бубамара, на име – Едно име имаме – со датум на издавање – денес, приквечер и со датум на траење – до тогаш и тогаш.
Пасошките авантури ги инспирираа и бројните скечеви, кои ги изведоа актерите Атанас Атанасовски и Тино Костадиновски од театарот „Комедија“, годинава засилени и со кумановскиот комичар Жарко Јовановиќ. Годинава голем кам-бек имаше и омилениот Сашко Коцев, кој урнебесно ја раскажа својата рецептура за групно сликање за пасош.
Интензивното празнење на Македонија беше уште едно од прашањата поставени на 27. Република Златна бубамара. Игор Џамбазов, кој е редовен учесник на ова шоу секоја година, во неповторлива придружба на кавал ја изрецитира „Тга за југ“ од веројатно најносталгичниот иселеник, преродбеничкиот поет Константин Миладинов. Игор во придружба на Гуру Харе ја отпеа својата верзија „Макдоникејшн“ на песната „Californication“ од „Ред хот чили пеперс“, која им ја посвети на сите кои живеат некаде далеку.
Младиот пејач Давид Темелков, кој живее и работи на релација Скопје- Загреб, се вклучи во оваа сентиментална приказна со својата етно-песна „Мојата Македонија“.
Можеби најраспеано беше доделувањето на наградата за животно дело на музичката легенда Драган Мијалковски, кој во топ-форма, пет и пол децении по своите музички почетоци, отпеа колаж од своите незаборавни рефрени, кои сите во публиката – ги кренаа на нозе.
Годинава имаше многу танцување на Златната бубамара на популарноста. Се играше џајв, валцер, ча-ча-ча и тоа на домашни евергрини.Танчерите од повеќе танцувачки друштва одржаа мала лекција по најубавите светски танци во годината во која награда за афирмација на танцот доби Тодор Миладинов, танц-инструктор и афирматор на танцувањето кај нас.
Награди за трајни музички вредности добија и Жељко Самарџиќ во регионалната поп-музика, Нино Величковски во домашната народна музика и Рамбо Амадеус во својот уникатен пристап кон музиката.
На оваа 27. Златна бубамара настапија Ревијскиот оркестар под диригентската палка на Дијана Имери Илковска и Националниот џез-оркестар под диригентската палка на Џијан Емин. Нивните настапи, во ерата на снимки и матрици, ја потсети публиката на најголемите предности на музичките изведби – во живо.
Како и секогаш, Златната бубамара не ги заборави оние кои ја напуштија сцената оваа година. Се потсетивме на актерите Катина Иванова, Димче Мешковски и Мето Јовановски, на неповторливиот Феруз Мустафов, а Андријана Јаневска, Тамара Тодевска и Ленче Кукиќ отпеаа некои од најубавите рефрени на маестро Кире Костов.
Одбележани се и актерските и концертните достигнувања во минатата година, а интересна награда годинава освои графичкиот дизајнер Ласко Џуровски за дизајнирањето на македонските кирилични фонтови „Рацин“ и „Илинден“.
Концерт на годината имал Владо Јаневски за петте продадени концерти во Македонската филхармонија есенва, претстава на годината одигра ансамблот на театар „Комедија“ за претставата „Ало, ало“, за која карти се чекаат како термин за пасош, дует на годината имаа Александар и Дац со „Воли ме, сакај ме“, проект на годината е „Симбиоза“ на Танец и Националната опера и балет и песна на годината е „Посреќна“ на ДНК и Врчак.
Доделени се и признанија и за спортистите на годината – Игор Стефановски – Иџе, за македонската одбојкарска репрезентација и за одбојкарот Никола Ѓорѓиев.
Шарена, весела и долга, и овогодишната 27. Златна Бубамара на популарноста донесе цела серија цитати за помнење и моменти за прераскажување, кои нестрпливо ги очекуваме на препознавање во ТВ-преносот, за чие емитување навремено ќе известиме.
Written by: radiobubamara_editor
For every Show page the timetable is auomatically generated from the schedule, and you can set automatic carousels of Podcasts, Articles and Charts by simply choosing a category. Curabitur id lacus felis. Sed justo mauris, auctor eget tellus nec, pellentesque varius mauris. Sed eu congue nulla, et tincidunt justo. Aliquam semper faucibus odio id varius. Suspendisse varius laoreet sodales.
close1
Слаткаристика & Тони Зен
2
Во земјата на чудата
3
Тамара & Деловски
Post comments (0)