„Дац и Александар – Дамите бираат“: Музичко шоу на 6 и 7 март по повод Денот на жената
Милениците на женската публика, дуото Дац и Александар, на 6 и 7 март 2026 година, по повод празникот на жената 8 Март, на големата сцена на Македонскиот Народен Театар подготвуваат музичко шоу „Дац и Александар – Дамите бираат“. МНТ ќе биде домаќин на овој проект што ги спојува минатото и сегашноста, силата и нежноста, уметноста и емоцијата, а гласовите, инструментите и срцата ќе се соединат во едно – за да се прослави љубовта кон жената. Концертот ќе биде збогатен со голем оркестар од 15-тина луѓе на сцена, […]