Корчагинските актери се враќаат на сцената!

Кога уметноста и добрината се спојуваат, се раѓаат моменти што оставаат трага.Ве покануваме на настан од хуманитарен карактер, каде сцената повторно ќе зборува со срце, а уметноста ќе служи на хуманоста. 📅 26.12.2025🕕 18:00 часот📍 Македонска филхармонија Да бидеме заедно таму каде што добрината е најубавата улога.

Повеќе »

Комеморација во чест на ликот и делото на истакнатиот играорец Симеон Чулев

Националниот Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ со длабока почит и тага ја информираме јавноста за одржување на Комеморативна седница во спомен на својот долгогодишен истакнат играорец и солист, Симеон Чулев. Симеон Чулев беше нераскинлив дел од играорниот кор на „Танец“, оставајќи траен и неизбришлив белег во историјата на

Повеќе »

„Нема жена како тебе“ – нов сингл и видео на Јоце Панов

Јоце Панов ја претстави својата најнова песна „Нема жена како тебе“, придружена со емотивен видеоспот кој веќе го привлекува вниманието на публиката. „Нема жена како тебе“ е класична љубовна песна која говори за безусловна љубов, посветеност и благодарност кон жената што го менува животот. Со искрен и топол текст, песната

Повеќе »

„Нема, нема“ – нова песна на БОЈАНА СКЕНДЕРОВСКИ, воедно и емотивна најава за големиот саботен КОНЦЕРТ

Одбројувањето до првиот солистички концерт насловен „Бесмртна“ влегува во својата највозбудлива фаза, а Бојана Скендеровски ја изненадува публиката со сосема нова песна – „Нема, нема“, која уште со првото слушање внесува свежина и современ дух во нејзиниот репертоар. Последниве недели Бојана живее во ритамот на подготовките за големата вечер –

Повеќе »

„Дац и Александар – Дамите бираат“: Музичко шоу на 6 и 7 март по повод Денот на жената

Милениците на женската публика, дуото Дац и Александар, на 6 и 7 март 2026 година, по повод празникот на жената 8 Март, на големата сцена на Македонскиот Народен Театар подготвуваат музичко шоу „Дац и Александар – Дамите бираат“. МНТ ќе биде домаќин на овој проект што ги спојува минатото и сегашноста, силата и нежноста, уметноста и емоцијата,

Повеќе »

Sarah Mace and The Girlzz ја започнуваат празничната магија со „Нека Трепка“

Македонската пејачка и авторка Сара Мејс ја објави својата нова празнична песна „Нека Трепка“, во изведба на вокалниот квартет Sarah Mace and The Girlzz, кој го сочинуваат Сара Мејс, Ана Петановска, Калина Велковска и Теа Богатинова. Песната ја носи топлината и празничната магија на декември, музиката и текстот се дело

Повеќе »