По серијата успешни песни „Ѕвездо моја“, „После тебе“ и „Моја посебна“, Артист Бенд продолжуваат со нова песна на македонската музичка сцена. Тие го промовираа својот четврти сингл – „Тажен крај“, кој доаѓа и со впечатлив видеоспот.

Зад реализацијата на овој музички проект стои докажан тим соработници: Александар Јовевски – музика и аранжман, Марија Спасовска – текст и Студио „Подрумот“ – аудиопродукција.
„Тажен крај“ е песна што не се слуша само – туку се чувствува.
Визуелната приказна која перфектно го надополнува меланхоличниот звук е во режија на Томислав Живковиќ, кој воедно е потпишан и како снимател на видеоспотот.